Машински инженер - Раководител на одд. за конструкција, изработка и одржување на алати

Плата 50.000 ден.

За компанијата: Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО Скопје:

Машински инженер - Машински техничар во Одделение за изработка на метални делови

Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од машински инженер за работна позиција: Раководител на одделението за конструкција, изработка и одржување на алати.

Образование, искуство, вештини:

  • ВСС од Машинска струка; 
  • 3 годишно искуство во производство и изработка на алати
  • Познавање на 2D/3D програми ( Solidworks , Catia , Autocad ) за конструкција на алати;
  • Искуство во програмирање машини за работа со CNC како и машини за EDM;
  • Познавањето на програми за контрола на CNC  машини, ќе се смета за предност;
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Поседува организациски способности
  • Тимско работење и кооперативност
  • Висок степен на одговорност и ефективност во извршувањето на задачите

 

Работни задачи и одговорности: 

  • Раководи , планира , организира и го контролира целиот процес за конструкција и изработка на алатите
  • Поставува , одржува и ракува со CNC машините;
  • Учествува во креирањето на потребите за одделението, како и набавките на материјали и алати за изработка на алатите
  • Секојдневно известува за планираните/постигнатите цели према зададениот план
  • Работи во CAD програм и прави проверка на зададени параметри согласно барањата од производството.
  • Врши изработка за барани дизајни;
  • Прави програми за CNC (машини за мелење и EDM) ;
  • Спроведува евалуација и континуирана обука на вработените

 

 

Почетна плата 50.000 денари нето.

Работниот процес се извршува во една работна смена, од 07.30. - 15.30.часот, од понеделник до петок. 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »