Промовирани огласи »

На едниот крај на телефонска линија е Бил Гејтс, основачот на „Microsoft“, кој вети голем дел од своето богатство во корист на борбата против климатските промени. Од другата страна е новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој ги опиша промените во климата како измислица.

Двајцата некако успеале да одржат разговор со барем мала стапка на успех, тврди Гејтс. Тој се остварил пред две недели и траел околу осум минути, овозможувајќи му на Гејтс да претстави дел од плановите поврзани со инвестиции и добротворни цели, пишува „Bloomberg“.

Клучните работи за кои настојував, беа можноста за иновации не само во енергијата, но и во медицината, и образованието и промовирањето на идејата дека тоа е одлично за управувањето на Америка“, коментира Гејтс.

Запрашан дали разговорот и неодамнешните состаноци со Трамп го тераат да биде оптимист, Гејтс коментира: „Па, ќе видиме. Иновациите можат да бидат двопартиски. Сите треба да го дадеме најдоброто од себе“.

Овие коментари основачот на „Microsoft“ ги даде за време на интервјуто во понеделникот, во врска со новиот инвестициски фонд, кој го стартува тој и други милијардери, кој се нарекува „Breaktrough Energy Ventures“. Идејата на Гејтс е да собере 1 милијарда долари, кои ќе бидат на располагање на Фондот од 2017-та година. Целта му е да се зголемат инвестициите во технологијата поврзана со енергија, која ако не елиминирана, тогаш барем ги намалува емисиите на штетни гасови.

Меѓу инвеститорите во „Breakthrough Energy Ventures“ се рангираат Џеф Безос, главниот извршен директор на „Amazon.com“, основачот на „Virgin Group“, Ричард Бренсон и основачот на „Bloomberg“, Мајкл Блумберг. Кон нив се приклучиле и ризични инвеститори како Џон Доер, кои во минатото имаат инвестирано значителни суми во компании за зелена енергија.

Гејтс лично инвестирал околу 1 милијарда долари во технологија во оваа сфера, вели тој. Компанијата, која ја поддржал најмногу е „TerraPower“. Стартапот доби 300 милиони долари, поголемиот дел од нив се од Гејтс, за да направи поефикасни и побезбедни нуклеарни реактори. Истражувањата на компанијата се поддржани и од Министерството за енергетика на САД, како и од групи од Кина. 

Промовирани огласи »

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната www.mladi.ams.mk . Наградниот Фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, и право на учество имаат тимови со максимум 3 членови – сите студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија. Тимовите ќе имаат за задача да подготват мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk. и која ќе работи минимум на Андроид платформа.

Критериуми за учество:

  • Тимови од максимум 3 студенти на возраст од 18 до 25 години;
  • Сите членови на тимот мора да се студенти на еден од државните или приватните Универзитети во Р. Македонија.

Коалиција СЕГА во соработка со АМС и ФИНКИ ќе организираат претставување на натпреварот во Амфитеатарот на ФИНКИ на ден 21.12.2016 година за сите пријавени тимови. На презентацијата тимовите за учество на натпреварот ќе добијат повеќе информации за барањата, критериумите и условите за учество, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт mladi.ams.mk. Организаторот ќе ги обезбеди потребните сервиси од кои мобилната апликација ќе ги вчитува информациите. Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ, еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Критериумите за евалуацијата се:

  • Функционалност на апликацијата – да интегрира што повеќе функции што веќе постојат на www.mladi.ams.mk;
  • Да работи минимум на Андроид платформа;
  •  Да биде лесно екстензибилна;
  •  Добар визуелен изглед на мобилната апликација;
  •  Перформанси на апликацијата.

Пријавете го Вашиот тим најдоцна до 19 декември 2016 година до 16.00 часот на следниов ЛИНК.

Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ во текот на месец февруари 2017 година, со дополнително известување за точниот термин.

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следнава e-mail адреса: [email protected] или [email protected].

Промовирани огласи »

Поголема вклученост на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво се едни од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и Турција. 

Она што е заедничко за овие земји, покрај кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и креирањето на јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамките на едно општетсво. 

Водени од овој факт, во ЕУ инфо центарот, на 19.12.2016, почнувајќи точно напладне, релевантни професионалци и претставници од ЕУ делегацјата ќе дискутираат на тема „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“. 

Акцентот ќе биде ставен на социјалната, економската и политичката младинска инклузија, а ќе се разговара и за националните приоритети и идните чекори што треба да се преземат. 

Настанот е од отворен карактер. Дојдете и споделете ги вашите гледишта и препораки за поголема младинска вклученост!

*Проектот е поддржан од Европската комисија. 
Партнерски организации: Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Prima Association (Црна Гора), Mladdinfo International (Македонија), Center for Change and Conflict Management (Албанија) и Community Volunteers Foundation (Турција). 

Промовирани огласи »

Многумина веруваат дека единствен начин за да се стане милионер е да се наследи имот од некој богат предок или да се добие премија на лотарија.

Меѓутоа, американскиот финансиски советник Дејвид Беч не се согласува со ваквото мислење и изработи план за тоа како да се стане милионер до 65-та година од животот преку штедење,

За да се стане богат потребно е системско штедење и добар инвестициски план. Не ви требаат многу пари за да стекнете богатство, тврди Беч во својата книга „Паметните двојки стануваат богати“.

Тој наведува дека за да се стекне богатство треба да носите вистински одлуки и да се придржувате до нив.

Беч изработи графикон за штедење на дневна, месечна и годишна основа, со кој, како што тврди, со штедење на по два долари дневно почнувајќи од 20-та година, на 65-годишна возраст ќе можете да станете милионер.

Сепак, многумина сметаат дека овој графикон на Беч претставува добра теорија, која може тешко да се спроведе во пракса, но и признаваат дека со „тргањето на страна“ на по два долари дневно по одредено време може да се заштеди солидна сума.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »