Промовирани огласи »

Понекогаш парите не се најголемата мотивација на вработениот.

Нудиме шест начини со помош на кои работодавецот би ги мотивирал своите вработени, без разлика на големината на буџетот на компанијата.

1. Работете посебно со секој вработен за да го креирате неговиот или нејзиниот развоен план.

2. Доверете му на вработениот некоја значајна работа која ќе го мотивира и ќе биде предизвик за него, па потоа дајте му слобода за донесување одлуки.

3. Јасно дефинирајте ја визијата, мисијата и стратегијата на тимот заедно со вработените.

4. Поставете се како пример за вработените помагајќи им да ги откријат нивните пасии и подржувајќи ги нивните цели.

5. Најдете креативни начини за пофалба на добро завршената работа на вработениот, но не го заборавајте и едноставниот начин како давање искрен комплимент.

6. Вклучете ја помошта од вашиот тим при генерирање нови идеи за значајни потфати кои не чинат многу.

Промовирани огласи »

Куба и американската компанија „Гугл“ потпишаа договор кој треба да обезбеди побрз пристап до интернет. Познато е дека во Куба интернетот е ограничен и бавен.

Договорот го потпишаа извршниот директор на матичната компанија „Гугл-Алфабет“, Ерик Шмит и шефицата на кубанската државна телекомуникациска компанија „Етекс“, Марја Аревич.

Промовирани огласи »

Додека на пазарот во САД е во очекување „Dow Jones“ да ја премине границата од 20.000 поени, компанијата на Ворен Бафет веќе оствари уште рекорд.

Вчера, во раната трговска сесија, акциите од класата „А“ на инвеститорот од Небраска успеаа да го преминат нивото од 250.000 долари.

Ова се случува 54 години по првото купување на Бафет во „Berkshire Hathaway“. „CNBC“ информира дека првите купувања се остварени на ниво од 7,50 долари, што претставува 60.03 долари денес, со искалкулирана инфлација.

Бафет купува повеќе од половина од компанијата во 1965-та година.

Од почетокот на 2016-та година акциите од класа „А“ додале 26,2 отсто. Високата цена тера дел од аналитичарите да сметаат дека Бафет може да преземе поделба на цената, но тој вели дека нема слични намери, бидејќи би сакал само сериозни инвеститори во компанијата.

Не сакам инвеститори, кои сметаат дека можат да направат многу пари за брзо време, купувајќи акции од компанијата“, вели Бафет во биографската книга „The Snowball“ на Алис Шредер.

Инвеститорите кои немаат 250.000 долари, би можеле да инвестираат во акциите од „B“ класата на компанијата. Нивната проценка е направена така што никогаш да не надминува 1/1500 дел од вредноста на компанијата.

Растот на позицијата од почетокот на 2016-та година, исто така е од 26% до 166 долари во готово.

Бафет денес има 18% од акциите од класата „А“, кои се проценуваат на 73 милијарди долари.

Само за потсетување дека границата од 200.000 долари беше надмината за прв пат во август 2014-та година.

Промовирани огласи »

Од вчера низ скопските улици започна промовирањето на нашата нова болборд кампања. Идеjата на тимот беше на креативен и несекојдневен начин да допреме до граѓаните и да ги информираме за новиот веб сајт  KARIERA.mk, кој цели да ги поврзе работодавците со работниците и да им помогне на граѓаните да најдат нова подобра работа.

На оваа кампања позитивно реагираа ПР експерти од повеќе македонски веб сајтови, меѓу кои и  http://marketing365.mk/

Еве што тие велат:

Многу ретки се за жал поводите кога сме инспирирани да пишуваме за билборд кампањи во метрополата на Македонија. Многу од нив се премногу монотони и најчесто поминуваат незабележано. Но не и оваа – каде дел се и Ескобар, Клуни, Трамп, кладилничарите и неколку други “кандидати“.

Нашиот тим не застанува тука, покрај билбордите ќе следат радио и ТВ реклами.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »