Стопанската Комора на Северо-западна Македонија вчера го промовираше шестото издание на Каталогот Топ 100 и ги прогласи најдобрите 100 компании во Македонија.

Заедничкото одбележување на успесите на компаниите и манифестацијата на доделување на наградите се одржа во Square 21 -Скопје. На промоцијата се обрати министерот за економија Дритон Кучи. 

Овој каталог е добра можност да се видат достигнувањата и напредокот преку претставување на нашите успеси за 2015 година. Дозволете ми да истакнам дека постигнувањето на СКСЗМ, не би биле можни без сеопфатна и беспрекорна помош на нашите членови, кои со својот придонес овозможија нашиот пат да биде побрз и помалку макотрпен.  

Тимот на KARIERA.mk како HR партнер беше дел од овој настан. Преку презентација голем дел од фирмите имаа можност да се информираат за нашиот сајт и како полесно да се поврзат со кандидатите за вработување.

 

 Муарем Муртезани сопственик на Алма-M

Изет Зекири професор на Штуловиот Универзитет

Арсим Папранику сопственик на Нептун

Арлинд Зекири Министер за странски инвестиции

„Епл“ првпат призна дека планира да инвестира во автомобили кои ќе имаат автопилот. Компанијата со своето писмо до американските транспортни регулатори наведе дека е возбудена поради потенцијалот на автономните системи во многу подрачја, вклучувајќи го и превозот.

Во компанијата сметаат дека наскоро ќе бидат појасни бројните значајни општествената полза од возилата со автопилот. Компанијата „Форд“, која и самата планира производство на вакви автомобили, што на патиштата треба да се појават до 2021 година, призна дека тоа планирала да го прави на ист начин како „Епл“.

Понекогаш парите не се најголемата мотивација на вработениот.

Нудиме шест начини со помош на кои работодавецот би ги мотивирал своите вработени, без разлика на големината на буџетот на компанијата.

1. Работете посебно со секој вработен за да го креирате неговиот или нејзиниот развоен план.

2. Доверете му на вработениот некоја значајна работа која ќе го мотивира и ќе биде предизвик за него, па потоа дајте му слобода за донесување одлуки.

3. Јасно дефинирајте ја визијата, мисијата и стратегијата на тимот заедно со вработените.

4. Поставете се како пример за вработените помагајќи им да ги откријат нивните пасии и подржувајќи ги нивните цели.

5. Најдете креативни начини за пофалба на добро завршената работа на вработениот, но не го заборавајте и едноставниот начин како давање искрен комплимент.

6. Вклучете ја помошта од вашиот тим при генерирање нови идеи за значајни потфати кои не чинат многу.

Куба и американската компанија „Гугл“ потпишаа договор кој треба да обезбеди побрз пристап до интернет. Познато е дека во Куба интернетот е ограничен и бавен.

Договорот го потпишаа извршниот директор на матичната компанија „Гугл-Алфабет“, Ерик Шмит и шефицата на кубанската државна телекомуникациска компанија „Етекс“, Марја Аревич.

Повеќе
КЛИКНИ