Промовирани огласи »

На насловната страна на KARIERA.mk достапна е новата опција МОИ ОГЛАСИ. За да ја користите потребно е да сте најавени, а на страната ги гледате само огласите за вашите професии. Со ова заштедувате време при пребарувањето на работни позиции.

Друга нова опција која ја додадовме, е пребарување по градови, односно, од левата страна на KARIERA.mk се прикажани градовите во кои има активни огласи и колку се тие. Доколку кликнете на некој од нив ќе се прикажат.

Промовирани огласи »

Политичката неизвесност, воздржувањето од слободно тргување и глобализација, забавеното економско опоравување се трендови кои ја обележаа еврозоната во 2016 година, но по се изгледа ќе ја обележат и во 2017 година.

Кога станува збор за политичка неизвесност, економистката од глобално независното здружение од секторот за бизнис и истражување Conference Board, Иларија Масели укажува на ширење на незадоволство од сегашните политички лидери и несигурност околу изборите во 2017 во Холандија, Франција и Германија.

Исто така се ближи почетокот на преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ, кој ќе отвори многу прашања, а едно од нив е како британските компании ќе ја заджрат слободата на движење.

Според Масели, за еврозоната Брегзит е повеќе егзистенцијален отколку економски предизвик кој го наметнува прашањето дали во тој блок треба повеќе или помалку интеграции, ако треба повеќе, што треба да се направи за тоа да се постигне.

Воздржувањето од слободна трговија и глобализација ќе ја обележи и 2017, оценува Масели и потсетува дека гласачите од двете страни на Атлантикот изразија незадоволство од новата спогодба за слободна трговија.

Тука е и предизборното ветување на Трамп дека ќе се повлече од Транспацифичкото партнерство, спогодбата меѓу САД и 11 пацифички држави која претставува 40% од светската економија.

Во Европа, која има релативно отворена економија, предизвик е да се постигне раст на економијата низ глобализацијата и незадоволството на граѓаните по две рецесии за осум години.

Здружението Conference Board прогнозира економскиот раст од 1,4% во еврозоната во 2017 во споредба со 1,7% во 2016 година, како резултат на забрзаниот пад на работоспособни европејци.

Европската комисија бара од земјите со силна финансиска позициjа,како Германија, да го "отворат паричникот", но по се изгледа дека тоа нема да се случи во 2017 година.

Промовирани огласи »

Кина го пушти првиот товарен воз од источната провинција Жеџијанг до Лондон. 

Возот на линијата која ќе тргне од кинескиот град Јиву ќе поминува над 12.000 километри за 18 дена, за да стигне до својата дестинација. На ова патување ќе поминува низ повеќе земји и тоа Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција, а крајна дестинација е Лондон. 

Иницијативата Лондон да стане „влезна порта“ на Запад за кинеските инвестиции беше покрената од поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон односно има за цел да се зајакнат трговските врски меѓу Велика Британија и Кина со стоки како облека и чанти. 

Промовирани огласи »

Плати едно, земи две! Нова колекција по стари цени! Ова се само дел од рекламите што секојдневно осамнуваат во трговските центри и локалните продавници пред новогодишните празници. 

Утврдени се четири неправилности, односно субјектот на надзор не ја истакнал претходната цена. Втора неправилност е што трговецот физички не ги одвоил производите што се ставени на распродажба од оние што не се на распродажба. Исто така, дел од трговците на јасно и на видно место не истакнале натпис дека се работи за распродажба - велат во Инспекторатот.

Според нив, доколку Државниот пазарен инспектор при вршење инспекциски надзор констатира неправилност во делот на намалување на цените, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите ќе води постапка на едукација.Ако субјектот на надзорот, односно правното лице, не постапи по едукацијата во законски рок од 8 дена, инспекторот ќе почне со водење прекршочна постапка. Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност се изрекува за прекршок на правното лице, односно трговец поединец, и глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба на правното лице.

Она што може да се види во градот е дека наместо класичен излог, на продавниците има само плакати на кои стои колкаво е намалувањето на одредени производи. Некои од продавачките во бутиците велат дека имаат понуда на артикли со попуст што се нуди на излогот, а други не коментираат ништо и оставаат потрошувачите сами да донесат одлука дали попустите се лажни. Влеговме во бутик со зимска гардероба со наводен попуст од 50 до 70 отсто. Прошетавме околу рафтовите и сфативме дека намалувањето е минимално. Така, капут кој претходно чинел 5.000 денари, сега се продава по цена од 4.200 иако на рафтот стои дека е намален цели 50 отсто.

Според Законот за заштита на потрошувачите, при распродажба трговците се должни на означувањата што упатуваат на распродажба, односно на намалување на цените, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или процент, мора да бидат назначени и старата и новата цена (или процентот на намалување до видливата стара цена, која може да биде и пречкртана). Старата цена мора да се употребува минимум 30 дена пред да започне распродажбата. Трговецот мора физички да ги одвои производите што се ставени на распродажба од останатите и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »