Промовирани огласи »

Од 20 јануари до 3 февруари посетителите на Skopje City Mall ќе можат да купуваат по есктремно ниски, замрзнати цени. По празничните акции и промоции, закупците во нашиот најголем трговски центар ќе ги понудат нивните зимски колекции со последните попусти, последни за оваа сезона.

Свесни сме дека во периодот по празниците, купувањето подароци и прославите, сите ние внимаваме на буџетот додека да се вратиме повторно во нормала. Но, потребите на луѓето се присутни како и во останатиот период од годината, па затоа одлучивме да обезбедиме уште една акција со попусти која ќе им овозможи на нашите посетители да купат сè што им е потребно по пониски цени – објаснуваат од Skopje City Mall.

Акцијата „Замрзнати цени“ е последна акција во која ќе можат да се купат производи од зимските колекции по пониски цени, а во неа ќе учествуваат речиси сите продавници.

Промовирани огласи »

Што се случува кога нашиот мозок е лишен од стимулација?

Каков ефект има изолацијата и отсеченоста од надворешниот свет на човекот? Каков ефект би имало тоа на мене, затворен/a во просторија без прозорци во комплетна изолација 3 денови.
Погледнете го ова спектакуларно истражување за тоа како нашето тело и ум реагираат на комплетна изолација.

Дали после се човекот е најпрво социјално животно а потоа и се друго?

Промовирани огласи »

Американскиот стручњак Лоренс Шаткиња направи листа на 15 професии кои се добро платени, а не се стресни. 

За таа цел тој направил анализа на 767 занимања. 

Во топ 15 се најдоа:

  • математичари 
  • географи 
  • економисти и статистичари 
  • земјоделски инженери 
  • политиколози
  • инженери за биомедицина 
  • физичари и астрономи 
  • геолози (освен хидролози)
  • актуари - луѓе кои го проучуваат составот на земјата 
  • менаџери за компјутерски системи 
  • програмери 
  • ортодонти 
  • уметнички директори 
  • инженери во бродоградба 
  • оптометри 

Промовирани огласи »

Министерството за правда на САД направи вонсудски договор вреден 7,2 милијарди долари со Дојче банк, откако геманската финансиска институција беше обвинета дека ги завела инвеститорите да купуваат хартии од вредност, гарантирани со хипотекарни хартии од вредност во 2006-2007 година, јави ДПА.Од економската криза во 2008 година, што започна по падот на пазарот на хипотеки во САД, американските власти истражуваат банки што издале обврзници врзани со високоризични хипотекарни кредити.

Дојче банка, кој минатиот месец соопшти за договорот, ќе плати граѓанска казна од 3,1 милијарда долари на американското Министерство за правда и 4,1 милијарда долари за олеснување на хипотекарните должници, сопствениците на домови и заедници кои биле погодени од големиот пад на цените на живеалиштата.

Договорот од 7,2 милијарди долари е најголем склучен договор со одделна банка за случаите на хартии во вредност загарантирани со хипотекарни кредити од финансиската криза во 2008 година.

Првично американските власти бараа 14 милијарди долари.

Во пресрет на финансиската криза од 2008 година, што доведе до глобална рецесија, банките и инвестициските компании продаваа хартии од вредност загарантирани со хипотекарни кредити.

Хипотекарните заеми беа лесно достапни за граѓаните во периодот на подемот на пазарот на недвижности во САД.

Со почетокот на крахот во 2007 година, сопствениците на домовите повеќе не можеа да ги исплаќаат нивите долгови и вредноста на хариите од вредност загрантирани со хипотеки се намали. Тоа доведе до тешки загуби на финансиските институции.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »