Промовирани огласи »

Во четвртиот квартал од 2016 година според најновиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите регионални и лoкални ТВ канали заедно остваруваат вкупен дневен досег од 16% од вкупната популација.

Регионалните и локалните телевизиски канали најмногу се гледаат во радиодифузните региони Д7 Стогово - 25%, Д6 Мали Влај - 22% и во Д8 Попова Шапка - 21% од популацијата, дoдека најмалку во радиодифузните региони Д1 Скопје и Д2 Срацин.

Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во првиот квартал од 2016 година остварува КТВ (17,6% од популацијата во регион Д1 Велес), К Три (15,3% од популацијата во регион Д2 Страцин), Стар ТВ (15,9% од популацијата во регион Д3 Туртел), ТВ Вис (19,5% од популацијата во регион Д4 Боскија), ТВ Тера (16,1% од популацијата во регион Д5 Пелистер), ТВ О2 (17,4% од популацијата во регион Д6 Мали Влај), ТВ Канал Три (27,5% од популацијата во регион Д7 Стогово), ТВ Коха (32,2% од популацијата во регион Д8 Попова Шапка), и ТВ Едо (9,8% од популацијата во регион Д1 Скопје).

Истражувањето го спроведе Market Vision.

Промовирани огласи »

Барак Обама издејствува голема победа врз невработеноста во Америка

Според извештаите, во времето на Роналд Реган биле отворени 15.9 милиони работни места а додека Бил Клинтон отворил дури 22.9 милиони позиции. Според статистиките Обама го стигнал Буш кој остварил само 2.1 милион работни места за време на неговиот мандат.

Сепак има голема разлика во ситуацијата во која Обама седна на претседателското столче и она што сега тој му го предава на Трамп - Вели Марк Хамрик, економски аналитичар

Обама започна во 2009та, кога рецесијата беше водечка, ова беше период кога Америка ја доживеа својата најголема економска дупка после големата економска криза во триесетите години од минатиот век.

Во времето на Обама беа забележани скратени даночни обврски и се изнвестираше во грaдење на патишта низ државата. Сепак, една од најголемите идеи на Обама, беше да овозможи зголемен број на отворени работни места. Според анализите, 2014та и 2015та биле најдобрите години за вработување во Америка долго по последните години од деведесетите.

Промовирани огласи »

По примерот на Финска, и Холандија ќе дава надомест на невработени лица без ништо да работат. 

Експериментот во текот на 2017 година ќе биде тестиран и во неколку градови во оваа земја. 

Мислењата за овој проект се поделени. Оние кои го поддржуваат моделот истакнуваат дека сиромашните и невработените на овој начин ќе бидат позаштитени, додека оние кои се против наведуваат дека поради овој модел никој од невработените нема да биде мотивиран да побара работа.

Во Финска започна исплата на основната месечна плата од 560 евра, како дел од социјален експеримент, со цел да се намали државната бирократија и сиромаштијата и да се зголеми вработеноста.

Овој пилот проект ќе трае две години, а Финска е прва земја во Европа која ја воведе оваа новина. 

Минатата недела 2.000 случајно избрани невработени Финци веќе добија 560 евра, а во тек е исплатата и на останатите кои немаат работа. 

Директорката на програмата кажа дека сите невработени ќе добијат пари без оглед на се`.

Може да останат дома и да не прават ништо доколку им е доволен овој основен приход. Но, може и да имаат работа со скратено работно време или да започнат бизнис - рече таа.

Се работи  за проект кој Финците го претставија лани во склоп на кампањата на владата која се залага сите граѓани да имаат основен приход кој во Финска изнесува 560 евра. 

Промовирани огласи »

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде инаугуриран како 45-от американски претседател.

Инаугурациониот маратон, како го опишува АП, ќе почне со утринска посета на црква, а ќе биде завршен со полагање на заклетва во „последниот танц на вечерата“. Во Белата куќа Трамп ќе влезе исто како што влезе во претседателската трка - пркосен, сосема сигурен во својата политика и без робување на традицијата, оценува агенцијата.

Во текот на десет недели откако на изненадување на многумина е избран за претседател Трамп го прекршил дипломатскиот протокол воспоставен со децении, ги тестирал долгогодишните етички правила и продолжил со воено -борбениот стил одговарајќи на секој личен напад -на Твитер или во живо.

Меѓу занимливостите на инаугурациониот ден се издвојува тоа што според Уставот за положување на заклетва се дозволени 35 збора, но некои претседатели тоа го зголемуваат на 39 додавајќи: „Така да ми помогне Бог“.

Кога се работи за самиот говор, се поставува прашањето дали Трамп ќе испрати вообичаена порака за единство на нацијата, да ја земе улогата на оној кој создава неред во уредниот систем или ќе ги измиксира двете.

Помошниците на Трамп тврдат дека тој доста време посветил на тој говор, дека вежбал во кулата на Трамп и дека може да се очекува говорот да трае околу 20 минути.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »