Промовирани огласи »

Сведоци сме на брзите и чести промени на навиките на луѓето, особено кога станува збор за влијанието на технологијата и брзиот интернет врз луѓето. Во последно време често се прават разни истражувања и анализи за тоа како делуваат таквите текови врз одредени сегменти на секојдневниот живот.

Честопати овие анализи покажуваат резултати кои се доста по различни од нашата перцепција за реалноста, па затоа предизвикуваат дебата и размислувања. Понатака, секое поднебје ги има своите специфичности, и затоа нема универзални правила кои се секаде точни.

HR Тимот на KARIERA.mk ги следеше таквите анализи низ светот, и решивме дека најблиску до точните одговори ќе дојдеме доколку спроведеме една широка анкета во Македонија. Веруваме дека ваквите резултати ќе ни дадат насока за идни размислувања, а пред се ќе им помогне на нашите компании да увидат некои генерални почетни состојби.

Анкетата се спроведе на над 100.000 посетители кои го посетија сајтот grid.mk, од кои 2.734 одлучиле доброволно да одговорат на прашањата.

Од 2.734 добиени одговори, 36.8% одговориле Барам работа - невработен сум, додека 21.4 % искажале дека не бараат работа. Изненадувачки е најголемиот процент на одговори кои искажале дека Бараат подобра работа! – дури 41.8%. 

Високиот број на одговори на луѓе кои бараат подобра работа отвори доста дилеми за нас. Во која мера се тие незадоволни од својата сегашна работа? Имаат амбиции за поголеми достигнувања? Дали сите тие го даваат максимумот на сегашните позиции? Дали се доволно платени за тоа што го работат?

Секако ваквите одговори ќе треба да се третираат со дополнителни анализи за да се добијат по прецизни параметри за реалната ситуација.

Понатаму, сакавме да дознаеме повеќе за навиките на луѓето кои активно бараат работа. Нашиот заклучок е дека се повеќе луѓето се одлучуваат своето вработување да го побараат преку интернет. На прашањето: 

Дури 62% одговориле ДА! Меѓутоа, според нашата анализа, овој број би можело да биде уште повисок имајки предвид дека во Македонија достапноста на интернет е доста голема. 38% од испитаниците кои одговориле негативно може да се делумно скептични за таквиот начин на изнаоѓање работа или пак користат други начини кои сеуште се моќни.

KARIERA.mk ќе продолжи да спроведува слични кратки анкети, како и поопсежни анализи за кариерното развивање, и секако ќе бидат опфатени доста теми. 

Промовирани огласи »

Американската компанија App Annie која се бави со анализи во областа на мобилните апликации, објави податоци за маркетот на апликации за претходната година, во кој е видлив големиот раст во однос на 2015 година.

Мобилните апликации во текот на минатата година низ целиот свет и во сите продавници за апликации донеле вкупен приход од 89 милијарди американски долари. Од тоа, 35 милијарди одат на продажбата на апликации во службените продавници како App Store и Google Play, додека останатиот приход оди на огласување и останати извори на приходи. Тоа во принцип значи 40 отсто повеќе во однос на претходната година. Околу две третини од тој износ стигнал преку продавниците на Apple а една третина преку продавниците на Google.

Исто така, бројот на преземања на апликации во двете најголеми продавници на App Store и Google Play е во пораст. Во 2016 година се преземени вкупно 90 милијарди апликации, со годишен раст од 15 отсто. Во овој случај уделите се обратни, па така околу една третина од преземањата на апликации одат на App Store, а остатокот на Google Play продавницата.

Покрај тоа, се бележи и раст на вкупното време кое корисниците го поминале користејќи ги апликациите. Минатата година, корисниците од целиот свет со своите уреди потрошиле околу 900 милијарди часови што е околу 150 милијарди часови повеќе од претходната година.

Промовирани огласи »

Некои имаат голема шанса во животот да го претворат своето хоби во работа. Повеќе од добар пример за ова е Кен Гросман, кој од аматерски домашна пиварница успева да направи пивска империја и да заработи милијарди од тоа.

Тој почнува да го флашира својот ејл Pale Ale во 1980 година. Денес неговата Sierra Nevada Brewing Company е третиот најголем производител на крафт пиво во САД и седмиот по големина на пазарот во земјата, пишува CNN Money.

За овие 36 години Гросман собрал богатство, пресметано на 1,1 милијарди долари. Тој успева да ја направи оваа состојба благодарение на порастот на крафт пивото во последниве години.

Денес во САД овие пиварници се повеќе од било кога, а годишните продажби изнесуваат околу 22,3 милијарди долари и претставуваат грубо околу 12% од пазарот на пиво во земјата. Само во 2015 година, пиварите се зголемиле за 15%, и нови 620 ја отвориле вратата, а 68 престанале да работат.

За овој сектор обемот на Sierra Nevada е навистина импресивен. Годишно двете пиварници на компанијата произвеле 1,2 милиони барели пиво.

Минатата година тие успеале да произведат околу 200 различни видови пиво, а нивната продажба се зголемила за 17,2%. Сеуште Pale Ale останува најпопуларниот нивни производ, и од него доаѓаат половина приходи.

Промовирани огласи »

Кога Сергеј Брин го создал Google како студент во „Стенфорд“, воопшто не замислувал дека компанијата ќе стане толку успешна. Веројатно не си претставувал уште дека ќе биде портпарол на Светскиот економски форум во Давос во 2017, каде Alphabet - компанијата-мајка на Google - ќе биде дефинирана како „една од четирите светски сили“.

Иако глобалната доминација на неговата фирма, Брин скромно придава многу од постигнувањата на среќа. „Ако ви кажам за сите глупави работи кои сум ги правел, ќе ни треба подолга сесија. А успесите - тие се должеа на шанси - изјави тој во Давос.

Брин охрабрува експерименти и иновации, но кариерата  го научила дека е невозможно да предвидиш иднината. Затоа е внимателен со прогнозите.

Еволуцијата на технологијата може да биде хаотична. Денес имаме вредности и желби, кои се многу различни од оние пред индустриската или аграрната револуција. И затоа се развиваме - додаде претприемачот.

Се надевам дека - бидејќи многу дневни активности веќе се вршат од технологијата - луѓето ќе најдат покреативни и значајни начини да го трошат времето - рече уште Брин. Би сакал да ги повикам младите луѓе да ги искористат шансите и да ги следат своите соништа. Како и да го задушуваат внатрешните гласови кои им велат дека има уште илјадници луѓе кои го прават истото како нив.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »