Промовирани огласи »

Започнаа обуките организирани од KARIERA.mk на тема: „Како да составите CV, мотивацискописмо и да се припремате за интервју за работа“. Обуката ги опфаќа најсуштинските елементи кои треба да ги совлада секој невработен или кандидат за подобра работна позиција. Во обуката беше вклучено и како лесно може да пребарувате и најдете работна позиција во Македонија.

Доколку сте заинтересирани за обуката може да аплицирате на [email protected].

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

По инаугурацијата овој викенд, многу весници почнаа да пишуваат за преселбата на фамилијата Трамп во Белата куќа. Сепак, првата дама и синот на Доналд Трамп, младиот 11 годишен Барон, нема да се преселат во Вашингтон и Доналд Трамп ќе ги гледа ретко.

Причината за оваа одлука е токму поради школувањето на Барон, кој учи во приватно училиште во Њујорк и нема да може да изостанува од наставата. Многу од блиските пријатели на фамилијата, кажуваат дека Меланија е исклучително блиска со синот и не би го оставила сам за ништо на светот. Според доверливи извори, Доналд Трамп плаќа дури 40 000 долари годишно за неговото школување и навистина многу инвестира во неговата иднина.

Промовирани огласи »

Најголемиот светски менаџер за управување со средствата на богатите, UBS Wealth Management, ги советува своите клиенти да му веруваат на еврото. 

Оттаму препорачуваат купување на еврото затоа што сметаат дека оваа валута е потценета во однос на доларот, како и поради забрзаната инфлација во евро зоната. Тие очекуваат дека еврото во наредните 6 месеци ќе зајакне за околу 7%, на 1,15 долари.

Еврото од почетокот на годината се зголеми за околу 2%  во однос на доларот, откако во последните три години, падна за повеќе од 20% во однос на доларот. Ова е поради полабавата монетарна политика на Европската централна банка и политичките кризи во регионот на еврозоната.

По Брегзит и референдумот во Италија, со потенцијано продолжена политичка нестабилност поради изборите на европската почва оваа година JPMorgan препоручуваат продажба на евра во корист на швајцарскиот франк како заштита од политички ризици, додека Goldman Sachs предвидува паритет на еврото во однос на доларот во наредните 12 месеци.

Во однос на паритетот на куповната моќ, соодветната цена на еврото е 1.25 долари, сметаат во „UBS Wealth Management”.

За еврото имаше одредени прогнози дека најмногу за 10 години ќе се укине. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »