Промовирани огласи »

Десетгодишната Јована Трајчевска, девојче со оштетен вид,  ја издаде својата прва стхозбирка „Тајните на моето срце“.

Промоцијата се одржа во саботата во Ресен. Девојчето е штитеничка на училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”- Скопје. 

Јована е љубител на птици и животни. На промоцијата доби папагалче и веднаш на новата машина која ја доби на поклон од безбројните хумани луѓе,претставувани преку Отец Пимен напиша песна за папагалчето. 

Издавањето на оваа поетска збирка излегува под покровителство на градоначалникот на Оштина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски,а со финансиска помош на неколку ресенски фирми.

Промовирани огласи »

Модата се враќа. Погледнете неколку модни хитови кои се  повторно во мода а биле ултра модерни и во 90тите години од минатиот век. Дали ви се допаѓаат или пак сметате дека изгледаат старомодно?

1. Фармерки со висок струк

2. Искинати фармерки

3. Џинс елек

4. Кожна јакна

5. Карирани кошули

6. Маички со голо стомаче

7. Маички со голи рамења

8. Хеланки

9. Коса во не природни бои

10. Округли наочари

Промовирани огласи »

Двајца емигранти погодени од забраната споделија како е да се работи во Америка во моментов.

Доктор и вработен во маркетинг од забранетите земји објаснуваат како нивните шефови одговорија на нивните стравови. Двајца емигранти погодени од забраната споделија како е да се работи во Америка токму сега. Една недела откако беше донесен, еден федерален судија привремено ја блокираше забраната на претседателот Трамп на поединци од седум муслимански земји. Сепак, многумина емигранти не се сигурни за тоа колку долго ќе трае забраната. Како што судбината на извршна наредба останува неизвесна, така и работниот статус, како и нивните семејства така и нивната способност да патуваат во странство. Забраната не само што влијае на животот на граѓаните од седумте наведени земји, исто така, има економски и бизнис последици за Американските компании кои ги вработуваат: 97 компании од САД, од младите па до некои од најголемите компании за технологија, неодамна поднесоа барање против забраната.

Луѓето како мене, не доаѓаат во Америка за да и се закануваат. Доаѓаме затоа што и се восхитуваме и ја посакуваме слободата која што ја има во неа

Емигранти од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен позитивно придонесуваат на економски план во САД. Многу од нив се исто така квалификувани работници со знаења, кои се од клучно значење за успехот на бизнисот во САД. Само во Google, најмалку 187 вработени беа погодени од забраната на Трамп. Познат новинар збореше со четири луѓето кои се директно погодени од забраната, за своето мислење за иднината и она што нивните работодавци велат. Сите сакаа да останат анонимни поради страв од одмазда од страна на владата.

Приказната за Нора

Нора има поминато повеќе време сама во последната недела отколку што има во целиот свој живот. Иако на неа и нејзиниот сопруг им е дозволено да живеат и да работат во САД на документите за вработување и овластување, нејзиниот сопруг и помал син биле во посета на роднини во Ирак кога забраната стапи на сила, оставајќи ја одвоена од нејзиното семејство. "Се чувствувам како да се наоѓам во темнина во која никогаш нема да осамне", вели Нора. Нора спасува американски животи. Таа работи во една од најголемите организации за истражување на ракот во САД и како лекар, таа работи на дијагноза на некои од најсмртоносните болести. Пред неколку дена видела пациент која таа претходно го дијагностицирала со ран стадиум на рак, кој е тешко да се третира и ако е фатен навреме. При неговата посета таа го забележи пациентот како носи капа со натпис “Да ја направиме Америка повторно добра“.

Знам дека не мисли ништо лошо со тоа. Јас го познавам лично и тој е добар човек", вели таа. "Тоа веројатно не ни му паѓа на ум дека човекот кој го поддржал за претседател само што донесе забрана која има катастрофални последици за моето семејство.

Нора не спомена ништо за капата или за забраната на нејзиниот пациент. "Единственото нешто на кое што треба да се фокусира во моментов е подобрувањето на пациентот", вели таа. Но, откако пациентот си отиде, Нора седеше во својата канцеларија и плачеше. "Тоа веројатно не ни му паѓа на ум дека човекот кој го поддржал за претседател само што донесе забрана која има катастрофални последици за моето семејство.” “Во моментот додека плачев дојде мојот шеф, знаејќи дека моето семејство е заглавено надвор од Америка тој веднаш сфати за што се работи. Тој ме слушаше и ми дозволи да плачам велејќи ми дека ќе ми олесни,” вели таа. "Тоа беше најдобрата поддршка која можеше да ми даде; Само да ме ислуша.”

Приказната за Али

Втората приказна која е директно поврзана со забраната за влез на неколку муслимански државјани во Америка се однесува на Али. Али за прв пат допатувал до САД од Либија пред повеќе од 20 години.

Како студент, за неколку години, живејќи тука величината на слободата ми покажа што се може да се постигне во една слободна земја", вели тој.

По многу години враќање во Либија, Али потоа се врати во САД да работи за приватна фирма за маркетинг, со средна големина и е директно инволвиран со рекламните кампањи кои се однесуваат на тоа што значи да се биде "Американец". Потоа забраната стапи на сила на 27ми Јануари, "Јас навистина не мислев дека Трамп ќе го стори тоа. Се надевав дека нема да се случи тоа во никој случај", вели тој. ”Како некој кој работи во маркетинг светот, имам чувство дека гласачите на Трамп се плашат од муслиманите и тоа ќе биде добро за кампањите на Трамп меѓутоа овие политики не се економски и демократски коректни”.

Промовирани огласи »

Еден од најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет открива што е најважно на патот до успехот и големото богатство.

Во интервјуто кое го дал за „Блумберг“, Бафет открива дека тајната состојка е ни повеќе ни помалку туку љубовта.

Огромното чувство на задоволство во животот не зависи од тоа колкава ви е сметката во банка, туку од тоа дали луѓето што ги сакате навистина ве сакаат - истакнал Бафет.

На прашањето на новинарот дали се смета за успешен, Бафет одговора:

Добар сум. Можеби не сум успешен колку некои други, но сум задоволен од луѓето што работат околу мене и со сите тие со кои работев сите овие години. Задоволен сум со своите деца и внуците.

Значи, сепак ќе речете дека сте успешни – истакнал новинарот, на што „Бафет“ веднаш одговорил:

Попрво ќе речам дека работам на тоа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »