Промовирани огласи »

Бројот на слободни работни места во Германија пораснал на над еден милион во последните три месеци од минатата година, покажува истражувањето на германскиот Институт за истражување на вработувањето (ИАБ).

Како што пренесува дописникот на МИА, од Берлин вкупниот број на слободни работни места од октомври до декември скокнал за 80 илјади што е рекордно ниво на побарување на пазарот на работна сила во најсилната европска економија.

Тоа е рекорд. Никогаш не сме виделе поголем број на слободни работни места претходно, изјави за германските медиуми истражувачот Александат Кубис, според кого, повеќе од половината работни места се во услужните дејности. Најмногу работници се бараат во здравствениот сектор и во фирмите кои што нудат грижа за постари лица а голема побарувачка има и за техничк и научен персонал.

Дел од мерките за намалување на побарувачка за работна сила во Германија федералните и покраинските агенции за вработување организираат специјални тренинг работилници за луѓе од членки на ЕУ како Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Шпанија каде што има огромно ниво на невработеност меѓу младите. Мерките вклучуваат и зголемување на платите поголемо од нивото на инфлација, бесплатни оброци, флексибилни работни услови и работно време како и тренинзи за постари лици.

Промовирани огласи »

Шведската софтверска компанија Crisp има 40 вработени, а ниту еден шеф или претпоставен, пишува BBC. Компанијата претходно користеше различни модели на лидерство, но од пред три години веќе нема ниту еден шеф кој ќе биде претпоставен на еден или група вработени.

Си рековме, што ќе се случи доколку немаме кого да назначиме за следен главен извршен директор, како ќе изгледа тоа? Потоа направивме вежба и направивме листа од сите активности што вообичаено ги прават овие одговорни лица, вели Јасал Сандмен, вработен во Crisp.

Во компанијата се одржуваат четиридневни состаноци за сите вработени два до три пати во годината. Во тој период, се разгледуваат и донесуваат одлуки што се важни за сите, а во текот на работата вработените се охрабрени сами да донесуваат одлуки.

Не постои класичен начин на казнување и барање одговорност, бидејќи овој начин на работа ги мотивира сите вработени повеќе да се залагаат и да преземаат одговорност. Дури и кога ќе дојде до некоја грешка, секој од колегите го изразува своето мислење и се обидува да им го објасни своето однесување.

Во оваа компанија никој на никого не му наредува што треба да работи, но не се толерира кога нешто нема да се заврши како што треба. Вработените се среќни што имаат ваков модел на управување, а тоа го покажуваат и редовните анкети за задоволство на персоналот.

Промовирани огласи »

Десетгодишната Јована Трајчевска, девојче со оштетен вид,  ја издаде својата прва стхозбирка „Тајните на моето срце“.

Промоцијата се одржа во саботата во Ресен. Девојчето е штитеничка на училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”- Скопје. 

Јована е љубител на птици и животни. На промоцијата доби папагалче и веднаш на новата машина која ја доби на поклон од безбројните хумани луѓе,претставувани преку Отец Пимен напиша песна за папагалчето. 

Издавањето на оваа поетска збирка излегува под покровителство на градоначалникот на Оштина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски,а со финансиска помош на неколку ресенски фирми.

Промовирани огласи »

Модата се враќа. Погледнете неколку модни хитови кои се  повторно во мода а биле ултра модерни и во 90тите години од минатиот век. Дали ви се допаѓаат или пак сметате дека изгледаат старомодно?

1. Фармерки со висок струк

2. Искинати фармерки

3. Џинс елек

4. Кожна јакна

5. Карирани кошули

6. Маички со голо стомаче

7. Маички со голи рамења

8. Хеланки

9. Коса во не природни бои

10. Округли наочари

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »