Промовирани огласи »

До крајот на годината Прилеп ќе добие современ трговски центар, кој ќе биде изграден на местото од стариот млечен пазар. Инвеститор е компанијата „Тинекс“, а инвестицијата ќе чини 2,7 милиони евра. Деновиве интезивно се одвиваат градежните работи на оваа локација.

Станува збор за објект со бруто површина од 4.300 м2. Има три целини, подземна гаража со паркинг простор за 60 возила, потоа прв спрат кој ќе биде наменет за „Супер Тинекс“ и кој ќе се простира на површина од 1.200 м2, а третиот спрат, кој ќе биде исто со големина од 1.200 м2, ќе биде деловен простор кој ќе се изнајмува за угостителски објекти, бутици и слично. Според динамиката на работа мислам дека до крајот на оваа година може да очекуваме трговскиот центар да биде пуштен во функција – изјави Раде Петкоски, инженер во „Тинекс“ за координација на објектите во градба.

Од општина Прилеп велат дека отворањето на новиот трговски центар ќе донесе и отворање на стотина нови работни места.

Компанијата „Тинекс“ во Прилеп го гради еден од поубавите трговски центри, не само во градов, туку и во Македонија. Со трговскиот центар овој дел на градот уште повеќе ќе се разубави и ќе се зголеми движењето во централното градско подрачје. Исто така ќе се отворат и стотина нови работни места, а со подземната гаража ќе се растерети и паркирањето во тој дел на градот. Се надевам дека до крајот на годината тој ќе биде готов, а после завршувањето на градежните активности на трговскиот центар ќе започнеме со допоплочување и уредување на пешачката улица„Борка Талески“. Таа е намерно оставена во оваа состојба затоа што тука ќе поминуваат камиони и механизација за изградбата на трговскиот центар, а потоа оваа улица ќе прерасне во една навистина прекрасна пешачка зона – изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Промовирани огласи »

Пасошите во целиот свет пристигнуваат во многу нијанси, но во само четири основни бои, сина, црвена, зелена и црна. Како што јави Business Insider, постојат неколку причини за тоа.

Сини: Се верува дека оваа боја ја избираат новата лига на нации, која ги вклучува: Индија, САД и Канада и јужноамериканските држави, како и Австралија.

Црвени: Црвената боја се поврзува за комунизмот и за источниот блок, па оваа боја и натаму ја имаат земјите кои имаат комунистичко минато, Кина, Србија, Летонија и други.

Зелена: Во овој случај религијата има клучен збор. Зелената се врзува за муслиманскиот свет, па земјите како што се Саудиска Арабија и Пакистан ја избираат оваа боја, додека африканските нации како што се Нигерија и Сенегал имаат вакви пасоши поради припадноста на Економската заедница на западноафриканските држави, чија заштитна боја е зелената.

Црна: Оваа боја најмалку се користи, а освен африканските пасоши на Замбија и Ангола, познат е и новозеландскиот пасош, затоа што црната е национална боја.

Како што се истакнува, САД ги тестирале сите четири бои, додека Канада имаше привремени бели пасоши, а причината беше техничката, најлесно било да се набават такви примероци.

Промовирани огласи »

Xperia серијата на Sony е проширњна со моделот L1 кој ќе треба да се наметне во средната класа со перформанси кои одржуваат ниво, а притоа цената е доста прифатлива за поголем дел од пазарот, особено во Европа.

L1 располага со одличен 5,1 инчен екран со HD резолуција, а работи на со помош на четири-јадрен процесор од1,5 GHz. Смартфонот е надополнет со 2 GB RAM меморија и 16 GB интерна меморија која што може да се прошири со microSD мемориска картичка.

На задната страна од телефонот се наоѓа камерата со резолуција од 13 мегапиксели (f/2.2), додека предната камера за „селфи“ има резолуција од 5 мегапиксели. Телефонот има и DualSIM поддршка, опремен е со USB-C конектор и батерија со капацитет од 2620 mAh и Stamina режимот на Sony за заштеда на енергија.

„Xperia L1 е паметен телефон кој што го обединува практичниот формат и функционалноста. Комбинира исклучително квалитетен екран и флуидни перформанси со препознатливиот дизајн на Sony. Ова е телефон со кој што ќе можете гордо да се пофалите“, изајви Тсотому Сато, директор на глобалниот маркетинг на производите во Sony Mobile Communications.

Xperia L1 пристигнува на пазарот во црна и бела варијанта, додека пак розовата варијанта ќе се продава само на некои пазари ширум светот. Продажбата на телефонот започнува во април, а за цената е познато само тоа дека ќе биде „прилично ниска“.

Промовирани огласи »

Шпанија има потреба од келнери кои би работеле во Валенсија, кои би го знаеле шпанскиот јазик.

За работниците се обезбедува сместување и храна. Се обезбедува плата плус бонуси ако работниците добро се покажат. 

На Шпанија и недостигаат квалификувани работници. 

Оваа земја ќе профитира од нападите кои ја зафатија Турција, и ќе и требаат 40.000 работници во туризмот. 

Шпанските работодавци веќе бараат работници преку огласи во странство. Дел од работниците ќе бидат регрутирани од Хрватска, а платата за нив ќе изнесува 6750 куни. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »