Промовирани огласи »

Изминатиов   период   започна   реализацијата   на   капиталниот   проект   за изградба на нов забавен парк во Скопје. Денес граданочалникот Трајановски на својот фејсбук профил го откри изгледот на овој важен проект за главниот град.

Со ова, скопјани ќе добијат нов, модерен и атрактивен забавен парк, сонови  реквизити   и   забавни   содржини,  коj   ќе   биде   изграден   на  истата локација како стариот Луна Парк и истиот ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри.

Важно е да се напомене дека  новиот забавен парк се гради во рамките на постојниот и дека нема да се зема површина од зеленилото од Градскиот парк. Изградбата на новиот забавен парк ќе се гради фазно, во повеќе години.

Каков ќе биде изгледот на новиот луна парк погледнете ексклузивно од видеото кое градоначалникот Трајановски го објави на својот фејсбук профил во моментов:

Промовирани огласи »

Jaне Петровски има само 4 години, а веќе ги знае сите видови змии, ги знае и сите видови на животни од неговиот албум со сликички, знае кои се безрбетници, мекотели, членконоги, риби, водоземци, влекачи, птици, цицачи или пак за животни кои спаѓаат во изумрен вид. Вие му го кажувате бројот од албумот, а тој знае кое животно треба да се залепи на тој број и веднаш го класифицира.

Неговата мајка ни кажа дека Јане зборувал сѐ на едногодишна возраст. А љубовта и интересот кон животните ги наследил од својот татко Александар.

„Од лани летото почнавме да собираме сликички, на почетокот се интересираше за кое животно се работи, како се вика и во која група на животни спаѓа. Така научи и да чита и да пишува и на кирилица и на латиница“, вели неговата мајка Снежана.

Многумина можеби ќе си го постават прашањето дали тој треба да е првиот првооделенец со 4 години. Но Снежана вели дека ќе чекаат да наполни 6 години и заедно да си учи со своите другари.

Нa заминување, Јане ни даде автограм.    

Промовирани огласи »

За жителите на ЕУ Канада воведува електронски дозволи за патување наместо визи.

Канада од мај ќе ги олесни правилата за патување за сопствениците на пасош од земјите на ЕУ.

За жителите на Европската унија, Канада воведува таканаречена електронска дозвола наместо виза. Дозволата ќе се издава за кратко време ќе чини 7 канадски долари. Нивната важност е ограничена до шест месеци.

За добивање на дозвола за патување и престој во Канада потребно е да се исполнат и одредени услови.

Ова олеснување е добредојдено за Македонците со бугарски пасош кои ќе можат да смеаат на шестмесечно работење во Канада. 

Промовирани огласи »

Претставници на микро, мали и средни претпријатија и старт ап компании вчера беа дел од работилницата „Партнерство за подобра бизнис регулатива" што ја спроведува УСАИД во соработка со консултантската куќа „Епицентар".

Целта ни е да ја подобриме правната и бизнис регулатива за овие видови компании. Од претходно направената анализа ја детектиравме потребата од ваков проект за да им помогнеме на компаниите да ја подобрат правната регулатива, но и да го зајакнеме јавно - приватниот дијалог, истакна Ирена Мојсоска од Стопанската комора на Македонија.

На работилниците, учесниците дискутираат за правата и обврските од Законот за работни односи и Законот за заштита при работа, правата и обврските кои произлегуваат од законите за даночна и царинска работа, како и регулативата за животната средина и прашањата поврзани со неа.

Досега имавме голем одѕив. Очекуваме по завршувањето на сесиите да направиме анализи од кои ќе произлезат нови или пак ќе има подобрување на некои решенија, рече Мојсоска.

Организаторите најавуваат до 7 јуни да се одржат 18 информативни сесии во 10 градови.

Партнери во реализацијата на четиригодишниот проект се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »