Промовирани огласи »

Со петицијата се бара признавање на македонските возачки дозволи во Германија, а за поддршка на оваа петиција останаа уште 10 дена. Еве како може да се поддржи оваа петиција, пишува Канал5 :

Целта на петицијата е признавање на возачките дозволи издадени во Р. Македонија од страна на СР Германија.

( ВАЖНО: По потпишувањето во петицијата ќе ви стигне e-Mail со кој ќе потврдите дека сте гласале. Исто така во потрдниот e-Mail имате опција петицијата и по Mail понатаму да ја споделите )

„Причини: Според официјалниот попис, во СР Германија заклучно со датум 31.12.2015 се регистрирани 95 976 македонски државјани (*1) (околу 5 проценти од вкупното население на РМ Македонија).

Бројот на регистирани македонски државјани во СР Германија, кој во периодот 2014-2015 се зголемил за 12 122, се очекува постојано да се зголемува, поради големата заинтересираност на македонските граѓани за работа во СР Германија.

Една од главните пречки на доселените работници и жители од Р. Македонија во СР Германија е неможноста за признавање / правење препис на македонските возачки дозволи во германски дозволи после 6 месеци престој во СР Германија.

Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат 6 месеци искуство со управување моторни возила во СР Германија, и поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во СР Германија. Нужноста да македонските возачи во СР Германија после 6 месеци да мораат да го преполагаат возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но и пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот со сопствено или комерцијално возило. Р. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 и веќе има склучено договори со земјите членки на ЕУ Италија и Шпанија за реципрочно признавање на возачките дозволи (сите категории), како и земјите кандидати за членство во ЕУ Албанија, Србија и Црна Гора. ТУКА можете да го погледнете упатството за пополнување на петицијата.

Промовирани огласи »

Словенeчкиот парламент без ниту еден глас против ги усвоил измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Минималната пензија ќе биде 500 евра.

Според овие измени, пензионерите со полни услови за старосна пензија ќе имаат гарантирана пензија од 500 евра, пренесе агенцијата Хина.

Се наведува дека целта на законот е да осигура дека минималните целосни пензии ќе бидат барем толкави да сиромашните пензионери не треба да бараат од државата заштитен додаток.

Mинималната пензија од 500 евра би ја примале, според податоци на владата, околу 45 200 пензионери. Според податоците на пензиското осигурување, во почетокот на оваа година месечна пензија помала од 500 евра примале 98 200 пензионери, а сите тие со полн работен стаж и потребни години на живот отишле во пензија.

Законот вчера е прифатен едногласно без глас против, и покрај тоа што владиниот предлог опозиционите партии најпрво го оценуваа како популистички потег наменет за привлекување на избирачи, во последната година од мандатот на сегашната влада.

Промовирани огласи »

Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Замената на прозорците отвора и други трошоци  како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна.

Главната улога на ПВЦ прозорот е да штеди енергија за затоплување и ладење. Uw= 1.0 W/m2K е бројка која означува коефициент на спроводливост на топлина и истата е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори. Профилот може да биде рамен, заоблен или полу заоблен, не е важно од кој  германски производител е, туку изведувачот на работата да биде од сериозна фирма со искуство во ПВЦ. Изведувачот е должен  да обезбеди многугодишна функционалност и писмена гаранција за прозорецот, а пресудно за негов избор треба да биде понудата со подобар однос изолација во однос на цена.

Добар избор на прозорци може да најдете во компанијата Проспера. Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и добар избор на ПВЦ прозори со имитација на дрво или прозорци од масивно дрво кои ќе му дадат топлина на просторот.

Недоволно информираните се со мислење дека доколку се купи прозорец составен со познат Германски профил дека се загарантирани потребните својства: изолација, функционалност и гаранција. Често прозорот се именува по бренд на профилот кој е само еден од составните елементи на прозорот, на пример: Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века и слично. Профилот не е единствениот составен елемент што го дефинира прозорот, од голема важност се сите останати елементи:

Термопанот завзема поголема површина од профилот (околу 80% од прозорот отпаѓа на стаклото) и има најголем удел во изолацијата на целиот прозор. Стаклото задолжително треба да биде нискоемисионо или 4 сезони, пожелно е полнењето помеѓу стаклата да биде со аргон. Трослоен термопан има поголеми изолациски својства од двослоен термопан. Исто така поголем простор помеѓу стаклата има удел во изолациските својства на термопанот, трослоен термопан од 36 мм и трослоен термопан од 50мм немаат исти изолациски својства.

Во Проспера може да се најдат трослојни термопани со ширина 50мм, нискоемисиони и 4 сезони стакла, со исполна помеѓу стакла аргон, и топли дистанционери наместо ладни алуминиумски дистанционери. Ваков термопан има коефициент на спроводливост на топлина Ug=0.5 W/m2K (за споредба стандарден термопан 24мм со 2 флот стакла има коефициент на спроводливост на топлина Ug=2.7 W/m2K или 5 пати послаба изолација). Во Проспера сите нискоемисиони и 4 Сезони стакла се со меко покритие (нова генерација на нискоемисиони стакла кои имаат подобри изолациски својства за разлика од старите типови на нискоемисиони стакла со тврдо покритие).  Стаклата се произведени од Guardian, Американска компанија која е светски лидер во производство на специјални стакла, со свои фабрики во 25 држави на 5 континенти.

Железо во ПВЦ профил се става за да ја зголеми цврстината и стабилноста на ПВЦ профилот. Без железо внатре прозорот би се кривел и не би функционирал исправно. Во Проспера во секој прозор поголем од 50цм ставаме железо со дебелина од 1,2 до 2мм зависно од димензијата на прозорот.

Оковот има најголемо влијание во функционалноста и безедноста на прозорот. Во Проспера сите прозори се со оковот winkhaus  acivepilot, последна класа на оков од брендот winkhaus, произведен во Германија, кој овозможува висока класа на сигурност против провали RC2/WK2.

За да прозорот функционира беспрекорно сите елементите треба да се изберени правилно и прецизно склопени, поставениот оков да ја има потребната носивост, во профилот да се постави железо со дебелина според димензија на прозор. Прозорите од понудата на Проспера се склопени со докажани профили, окови и термопани.  Склопени се на најсовремени CNC машини со минимално учество на човечки фактор со што грешките се минимизирани. 

Монтажата мора да биде изведена стручно. Прозорите треба да се постават и нивелираат правилно, да се анкерисуваат по пропишани стандарди за да ја добиеме очекуваната функционалност, правилно и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена е важно за изолацијата, правилната опшивка околу прозорците има влијание во изолацијата и спречување на влага. Затоа е важно монтажата да ја прават лица со големо искуство во монтажа на ПВЦ столарија. Проспера има сопствени монтажери кои само во текот на 2016 година имаат монтирано над 10.000 м2 прозорци.

Во турбулентно време како во моментот, кога секојдневно се отвораат и затвораат фирми, а функционираат преку 500 фирми кои се бават со продажба и монтажа на ПВЦ прозори, од особена важност е на кого ќе ја дадеме довербата, и ќе бидеме сигурни дека и после многу години изведувачот ќе биде уште присутен на пазарот за да може да ни ја обезбеди гарацијата и да ни ги сервисира прозорите доколку има потреба. 

Промовирани огласи »

Сојузот на стопански комори денеска заедно со претставници од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) ќе ги презентираат можностите за полесен пристап до финансии за компаниите раководени од жени.

На настанот најавено е присуство на жени менаџерки кои со помош на оваа програма користат средства од различни извори на финансирање и ја унапредиле својата дејност.

Од ССК посочуваат дека искуствата укажуваат оти за поуспешно водење бизнис во македонските компании и за нивна поголема конкуретност потребна е поголема информираност и експертиза, но и пристап до финансии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »