Промовирани огласи »

KARIERA.mk, заедно со уште десеттина организации и фирми, е учесник на меѓународниот настан за социјални иновации во врабтоувањето. Настанот се одржува во Подгорица, Црна Гора на 5ти и 6ти мај.

Настанот е организиран од ADP-Zid како дел од You See платформата и проектот „Regional Platform of civil society organizations to advocate for social innovation in the field of employment of young people who are at risk of social exclusion“, a има за цел да направи регионална балканска соработка помеѓу невладини организации и фирми кои на некој начин се поврзани со вработување на млади луѓе.

KARIERA.mk очекува да размени позитивни искуства од регионот, да оствари сорабока со организации и фирми кои имаат сродна дејност и во блиска иднина да ги надогради своите услуги.

Промовирани огласи »

Форбс ги објави резултатите од истражувањето за најбогатите жени на светот. Во моментот најуспешните самостојни жени во Америка се вкупно 60 , тоа се 10 повеќе од минатата година . Некои од овие жени вредат до 53 милијарди долари.

Со помош на најиновативните жени на светот се создадени некои од најдобрите светски брендови како што се Gap, Spanx, Proactive, Vera Bradley и други. Голем број од нив, исто така, помогнаа да се изградат некои од најуспешните компании во тек, вклучувајќи facebook, eBay и Google, додека пак други се збогатија со милиони преку сопствени музика, книги или ТВ емисии.

Најбогатата претприемач жена во Америка е Дајен Хендрикс, којa e сопственик на ABC Supply, најголемиот дистрибутер на големо за кровни покриви во земјата. Таа потекнува од семејство на на сточари, и самостојно  започнала со бизнис во Висконсин во 1982 година со нејзиниот покоен сопруг Кен. Денес Хендрикс е во вредност од 4,9 милијарди долари, 1,2 милијарди повеќе од минатата година, кога таа беше на второто место. 

Mеѓу познатите екрански успешни имиња од женски род секако се вбројува и Oprah Whinfrey која котира високо на листите на Форбс секоја година.

Најмладата од најуспешните жени во светот е 26 годишната Taylor Swift, секако тука се Jessica Alba и Vera Bradley заедно со нејзината сосетка Patricia Miller со која станала најпрво пријателка па подоцна и бизнис партнер. Нивната приказна е најинтересна и истата започнала откако двете позајмиле по 250 долари од нивните сопрузи и започнале да работат во еден подрум. Денес Vera Bradley продава чанти во вредност од половина милион долари за само една година.

На овој свет му требаат нови иновативни жени и секогаш има простор за нови идеи. На вас останува да ја означите стартната линија и да започнете со вашите замисли. Форбс со години изработува анализи на најбогатите жени во светот, се надеваме дека една од вас некогаш ќе се најде на оваа прекрасна листа.

Промовирани огласи »

Брајан се пензионирал на 34 години, и дава совети како да се справиме со финансиите поуспешно. 

Во август 2016 година, Брајан постигнува финансиска независност на 34 година, и се пензионира.

Денес тој има свој блог, на кој пишува како да работите со парите. 

Првото и најважно нешто што треба да направите е да дознаете што е важно за вас, што ве прави среќни. Толку многу луѓе трошат пари за работи кои не придонесуваат за среќата. 

Не треба да купувате нова куќа само затоа што тоа е она што го прават сите ваши пријатели. Вие не мора да купувате нов автомобил, за да импресионирате некои од своите колеги.

Парите можат да ти купат слобода - слободата од 9 до 17, слобода од алармот на часовниците, слобода да не губам време, отстапив од илузии и почнав да штедам пари за да се насочам кон тоа - слободата, објаснува овој човек. 

Промовирани огласи »

Производителот на електрични автомобили Тесла регистрира рекордно производство и приходи во првото тримесечие во 2017 година, но исто така и поголеми од очекуваните загуби, јави ДПА.

Компанијата објави извештај според кој загубите од јануари до март се 330 милиони долари. За истиот период во 2016 година тие биле 282 милиона.

Приходите се зголемени на повеќе од двапати, до рекордни 2,7 милијарди долари.

Тесла зголемила производство за 64 отсто и испорачале нешто повеќе од 25.000 автомобили, повеќе од кое било тримесечие откако постои. Компанијата наведува дека загубите се поради новиот Модел-3, планиран за јули оваа година кој се очекува да чини околу 35.000 долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »