Промовирани огласи »

Шведска ги огласи сите свои села на интернет платформата за барање сместување „Airbnb“, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира бобести плодови-целосно бесплатно.

Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило под името „allemansrätten“, односно „право на секој човек“, кое подразбира секој да може да дојде и целосно слободно и бесплатно да лута по природните и селски предели на земјата, независно од тоа дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.

„Можете да берете плодови и да шетате било каде, се додека не им приоѓате близу на куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните во полето кое мирно пасат“, вели Џени Кајзер од агенцијата „Visit Sweden“.

Шведска не морала да го плати ова огласување а Кајзер смета дека овој оглас ќе привлече многу корисници на „Airbnb“.

Промовирани огласи »

Во завршна фаза е автопатот Демир Капија- Смоквица, едно од најголемите градежни достигнувања што Македонија ги памети до денес. Автопатот кој наскоро ќе биде уштен во употреба е во должина од 28,2 километри, инвестиција вредна 217 милиони евра.

Промовирани огласи »

За сезонска работа може да се заработи од 700 па се до 1500 евра месечно, пишуваат српските медиуми. 

Најчесто се бараат берачи на овошје, а има и работни места во угостителство. 

Има доста огласи, а и со препорака може да се добие работно место како келнер. 

Во угостителството плаќаат по 150 динари од час, а оние кои имаат искуство заработуваат повеќе, додека пак искусните готвачи заработуваат добро. 

Пица мајстор заработува над 2000 динари, а во текот на месецот може да заработи по 40.000 или 50.000 динари. 

Студентите кои преку задруги делат фалери можат да очекуваат од 1000 до 2000 динари заработка. 

Оние кои нема да најдат сезонска работа во Србија, со познавање на англиски, германски или руски јазик можат да се снајдат во Црна Гора. 

Промовирани огласи »

Трезористот Бобан С. (40), кој е осомничен за милионската кражба во НЛБ банка побарал да се спогоди со Обвинителството и со признание на вина да добие помала казна, но не и да каже каде се парите, дознава „Дневник“. Според извори во истрагата, во овој, но и во неодамна објавениот случај на криминал, во кој за перење пари се осомничени директори, поранешен министер и други лица, од банката исчезнале 17 милиони евра. Иако никој не потврдува, се претпоставува дека двата случаи се поврзани, пишува ДНЕВНИК.

Kако што дознава „Дневник“, бранителот на трезористот, адвокатот Љупчо Шврговски веќе контактирал со обвинителството во врска со предлогот на осомничениот.

Од Основното јавно обвинителството ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата. „Дневник“ исто така пред десетина дена побара одговор од Обвинителството дали за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ е откриено каде се украдените пари, односно дали е побарана помош и информации од надлежните институции од други држави.

– Истрагата за кражбата продолжува. Основното јавно обвинителсвто ги презема потребните дејствија за расветлување на настанот. Јавноста ќе биде известена за деталите кога ќе се создадат услови во согласност текот на постапката – гласи одговорот на Обвинителството за двете прашања.

Ниту адвокатот Шврговски не одговараше на нашите телефонски повици и писмени пораки.

Kако што дознаваме, Бобан С., кој е во триесетдневен притвор во затворот во Шутка, се согласил да биде осуден, но не и да каже каде се украдените 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра, а за која кражба дополнително беа осомничени неговиот брат Горан С.(44), неговиот пријател Борис М.(38) од Скопје како и Е.П.(24), вработена како банкарски комерцијалист во НЛБ. Нема информации дали и тие како и Бобан С. за кој се смета дека ја осмислил кражбата, побарале да се спогодат со обвинителството. Во притвор се Горан С. и Б.М., а осомничената службеничка и натаму е во куќен притвор.

Скандалите во НЛБ банка почнаа на почетокот на минатиот месец кога МВР обелодени дека трезорист извршил милионска кражба од главниот трезор на банката. Само што спласнаа овие информации по притворањето на групата, неколку недели подоцна обвинителството обелодени уште една поголема скандалозна финансиска малверзација во банката. Обвинителството отворило предмет за перење пари, во кое се замешани поранешен и актуелен директор на банката, поранешен министер, адвокати, нотар како и државјанин на Словенија. Притоа не е прецизирано за колкав износ е оштетена банката, како ни тоа дали овие два случаја се поврзани, односно дали двете групи делувале одделно.

– За да се утврди фактичката состојба и да се обезбедат докази, Обвинителството во соработка со МВР издаде наредби за анализи на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финасиска и управна природа – кусо соопштија од обвинителството.

Тоа што е познато за овој случај е дека за обвинителството постојат сознанија оти во периодот од 2006 до 2017 година осомничените основале фирми, подигале кредити кои биле заверувани кај една позната скопска нотарка, а потоа со помош на неколкумина адвокати, кои биле советници на директорот и министерот, парите биле префрлани во Словенија и во неколку австриски фирми. Откако парите ќе легнеле на странските сметки, дел од нив повторно бил враќан во државава и се купувале недвижни имоти на подрачјето на Битола.

За разлика од оскудните информации за дејствување на оваа група, полицијата за првата кражба излезе со детали од истрагата. Трезористот во три наврати од 4 до 10 април од трезорот на различни начини зел 3 милиони евра, по што на 11 април, Борис М. со автомобил „голф“ ги пренел парите во Србија, но не е познато дали таму останал или продолжил кон некоја друга држава. Тој бил уапсен седум дена подоцна на граничниот премин Табановце кога се вратил во земјава.

Од НЛБ демантираат дека се украдени 17 милиони евра

Од НЛБ банка вчера ги демантираа информациите дека банката во двата случаја е оштетена за 17 милиони евра.

– Апсолутно е неточна информацијата. Што и да се случува со нашата институција, целосно, транспарентно и професионално ќе ја информираме јавноста како и досега – рекоа од НЛБ.

Дел од адвокатската фела со кој вчера контактиравме вели дека е очекувано барањето на Бобан С. бидејќи тоа е негово законско право со кое му се овозможува со обвинителството да се спогоди за пониска казна од предвидената, ако спогодбата ја прифати Kривичниот суд, пред кој се води овој случај.

Според Обвинителството, Бобан С. се товари за кривично дело затајување по член 239, како и за продолжено кривично дело по член 45 од Kривичниот законик за кои се предвидени повеќегодишни казни затвор.

– Тој што противправно за себе или за друг ќе присвои туѓ подвижен предмет што му е доверен, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. Ако делото го стори старател или лице на кое од правното лице предметите му се доверени во врска со неговата работа, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години – предвидуваат ставовите 1 и 3 од членот 239.

Според член 45, на сторителот кој со умисла ќе изврши две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти услови или други слични околности, судот ќе му изрече единствена казна во границите на казната пропишана за тоа дело.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »