Промовирани огласи »

Во вторник, на 20.06.2017 година, се одржа презентација и јавна дискусија на тема: "Социјални иновации за намалување на младинската невработеност".

Настанот беше организиран од МКЦ-Битола во соработка со KARIERA.mk. На презентацијата со свои излагања учествуваа претставници на KARIERA.mk, а главната дискусија се водеше на повеќе теми: социјални иновации и социјално претприемништво, трендови и предизвици со човечки ресурси (HR) во Македонија, начини за наоѓање на работа во Македонија, како и препораки за успешно претставување пред работобарателите.

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија.

Промовирани огласи »

Основачот на Microsoft Бил Гејтс е прв на листата за најбогат жител на САД според списанието Forbes. Неговото богатство изнесува 88,9 милијарди долари, што го прави Гејтс и најбогат човек на планетата.

Тој е најбогат човек на државата Вашингтон, доколку листата ги вклучува богаташите на одделните сојузни држави. На второ место е основачот на интернет компанијата Amazon, Џеф Безос, кој живее во истата држава,  со богатство од 83,3 милијарди долари.

Во Небраска најбогат е инвеститорот Ворен Бафет, кој има богатство од 76,2 милијарди долари.

Најбогатиот жител на Калифорнија е основачот на социјалната мрежа Facebook Марк Закерберг, со  62,4 милијарди долари. 33-годишниот претприемач ја предводи и листата за најбогати млади бизнисмени на САД.

Промовирани огласи »

Hr Global самитот во Скопје е горд што ќе презентира студија на случај за развој на програмата за препознавање на маркирани вработени: Emirates NBD Case Study од Ramakrishna Movva, кој е задолжен за центрите за човечки ресурси во Emirates NBD Group и истиот покрива области како развој на лидерство, управување со таленти, остварувања, награди и развој на организацијата.

Неговата основна улога е да обезбеди советодавна и олеснувачка поддршка на бизнисите, и да работи на стратегии и програми за човечки капитал кои можат да овозможат подобро извршување на деловната стратегија. Тој има повеќе од 30 години искуство со човечки ресурси во Јужна Азија и Блискиот Исток.

Во текот на неговото искуство Рамакришна дал идеја, развил и успешно извршил неколку иницијативи за човечки капитал, како сооднос на работата и семејството, управување со перформансите на претпријатието, програма за потенцијални таленти, програма за идни лидери, развој на раководството на високите членови од компаниите и промена во сценариото при продавање и купување на компании ( M&A сценарија).

HR трансформацијата на декадата која ја водеше токму Рамакришна во Emirates Bank беше призната како бизнис студија од INSEAD Business School.

Кажете ни малку за себе и за вашиот професионален пат, како одлучивте дека човечките ресурси се соодветни за вас?

Бев обучен да бидам офицер во вооружените сили, но околностите ме натераа да продолжам со други можности за кариера. Сосема случајно се запишав на програмата за човечки ресурси, но од почетокот знаев дека сум на вистинското место.

Мојата прва улога како консултант во Price Waterhouse постави цврста основа во концептуализирањето и извршувањето на HR-проекти за клиенти во различни сектори понатака. Преку мојата последователна работа во Unilever, научив за тоа како глобалните организации функционираат, особено врската помеѓу талентот, културата и бизнис перформансите.

Се преселив во Дубаи по 12 години професионално искуство во Индија, со намера да работам околу 3 години и да се вратам дома, но на крајот останав во Дубаи да работам за Emirates NBD дури 23 години.

За време на моите први години во Дубаи, имав можност да ја завршам мојата докторска програма поврзана со Learning & Change in Human Systems на Калифорнискиот институт за интегрални студии во Сан Франциско, која ја завршив во 2002 година.

Кои се некои од проектите, поврзани со човечки ресурси, на кои сте работеле и сте најмногу горди?

Најверојатно, најмногу ми значи 10 годишното работење во Emirates NBD кое траеше од 1996-2005. Тоа беа и годините кога беше обликувана новата визија за Дубаи, што доведе до периодот на бум во 2008 година. Бизнисите во рамките на банката, гледаа на двоцифрениот раст и ние во одделот на човечки ресурси мораше да се трансформираме од вршење на основна функција во професионална уметност и давање на професионални услуги.

Во склоп на тој ангажман, работевме на повеќе иницијативи како односот меѓу работата и семејството, платформа заснована на перформанси и компетентност, базирана на талент, потребни за експлозивен раст на бизнисот.

Вие сте моментално со седиште во Дубаи. Како би ја споредиле работната средина таму со остатокот од светот?

Дубаи е жив град кој постојано се открива себеси, преку нови визии и нови иницијативи. Културната разновидност во организациите и тимовите е дефинитивна сигурност, која обезбедува возбудливи средини за иновации и градење на различни перспективи. Исто така, тоа е место каде современите и традиционалните начини на водење бизнис се спојуваат.

Дигиталната генерација во моментот претставува повеќе од 40% од работната сила во повеќето организации, што ги поттикнува високите лидери да ги преиспитаат и преработат политиките и практиките кои можат да го вклучат и да го инспирираат овој критичен сегмент на работната сила. Сите овие фактори го прават Дубаи навистина уникатно место за живеење и работа.

Промовирани огласи »

Лондон е на првото место на листата на градови со најскап јавен превоз, со оглед на тоа што за таа услуга месечно е потребно да се издвојат импресивни 150 евра.

Анализирајќи ги трошоците на животот во големите светски градови според статистиката на интернет страницата Expatistan, Business Insider направи листа на градови со најскап јавен превоз и колкав буџет е потребен за неговото користење.

Петнаесет градови со најскап јавен превоз:

Лондон, 155 евра

Даблин, 116 евра

Окланд, 109 евра

Њујорк, 106 евра

Токио, 98 евра

Амстердам, 96,4 евра

Сиднеј, 96,1 евро

Цирих, 96 евра

Мелбурн, 93 евра

Торонто, 91 евра

Чикаго, 90 евра

Велингтон, 89 евра

Стокхолм, 80 евра

Франкфурт, 78 евра

Берлин, 77 евра

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »