Промовирани огласи »

Во Македонија луѓето кои работат во воздухопловен транспорт имаат највисоки плати и заработуваат плата од 58.201 денари. 

Зад нив се оние од секторот компјутерско програмирање со 55.468 денари, трети се вработените во телекомуникации со 55.366 денари. Подолу на листата се финансиски услужни дејности со 41.013 денари, осигурување, реосигурување и пензиски фондови со 38.277 денари. 

Најниски плати земаат луѓето во трговија, преработувачка индустрија, земјоделство и ред други сектори кои со години се слабо платени. 

Државниот завод за статистика вчера објави дека нето платите во април 2017 година споредено со истиот месец претходната година се поголеми за 1,4%. 

Просечната нето плата во Македонија изнесува 22.672 денари. Од вработените во земјава 0.9% останале без својот личен доход во април.

Промовирани огласи »

Германка и Холанѓанин направија оаза во Србија, така што во околината на Шабац произведуваат храна и имаат биодинамичка фарма. 

Овие доселеници освен нивните две деца на село одгледуваат и тикви, јагоди, сливи, салата и друго. 

Во бајковитото село Јаловик, ова семејство живее во скромна селска куќа. 

Луѓето се добри, знаат дека не можеме сами да стигнеме да сработиме на фармата и ни помагаат. И воспитувачката од градинка доаѓа и го зема девојчето - вели Вивиен Шајдлер. 

Имаат 17 хектари земја и очекуваат фармата наскоро да биде економски независна и велат тоа е сон на секој фармер. За да успее една биодинамична фарма велат дека е најважно околината да има потенцијал. Германката во 2004 година дошла во Србија како волонтер, следела курс за биодинамика, работела во продавници за органска храна, а во 2008 година решила да се досели во селото и да почне со сопствена фарма. 

Промовирани огласи »

Со чартер лет на „Смал плантер ерлајнс“ од Катовице денеска на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ пристигна првата група од 220 туристи од Полска кои организирано ќе летуваат на охридско-струшката ривиера.

Станува збор за организиран престој на гости од Полска кои ќе одмараат во Охрид и Струга преку аранжманите што за Македонија на тој пазар ги нуди полскиот тур-оператор „Рего-бис“, една од поголемите туристички компании во Полска.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посакувајќи им добредојде на полските туристи истакна дека Владата со серија мерки ќе работи на унапредување на авиособраќајот во земјата и во насока на привлекување што поголем број туристи во Македонија.

Како што истакна Алпер Ерсој, генералниот директор на ТАВ Македонија, од денеска се до крајот на септември на охридскиот аеродром ќе пристигнат вкупно 14 чартер авиони од Катовице, а за во иднина најавени се и чартер летови и од Варшава. Заедно со некои туристи кои доаѓаат во Македонија со автобуски превоз, се очекува оваа сезона во Македонија да летуваат околу пет илјади Полјаци.

Габриела Манку-Соколу, сопственичката на тур-операторот „Рего-бис“ истакна дека интензивно е работено на промоција на македонската туристичка понуда пред потенцијалниот полски пазар.

– Драго ми е што ете тука се првите туристи од Полска. Нашата агенција нуди аранжмани за одмор во сите држави на Балканот, сега ви останува вам преку маркетинг-активности, добра услуга и гостопримство да се наметнете во освојување на интересот на полскиот турист, рече Манку-Соколу.

Покрај летовите од Полска, на охридскиот аеродром за време на летната сезона сообраќат сезонски летови на „Корендон“ и „ТУИ Аркефлај“ од Амстердам, на „Томас Кук“ од Брисел, чартер-летови на „Аркиа“ од Израел, како и со сезонските летови на „Ер Србија“ од Белград и редовните летови на „Визер“ од Лондон и Базел и на „Германија флуг“ од Цирих.

Промовирани огласи »

Постојат неколку места на кои со малку пари ќе уживате, макар било тоа и на недела дена. 

Аликанте, Шпанија 

Овој град е пример за штедлив начин на живот. Познат е по убавата плажа Коста Бланка, убава клима, храна, и опуштен начин на живот. 

Мендоза, Аргентина

Градот се наоѓа во самото срце на Аргентина. Локалната економија е силна и секој ден се отвораат нови фирми. 

Бали, Индонезија 

Ова е евтин рај и вистинско место ако сакате да отворите продавница за подароци. Илјадници туристи секоја година го посетуваат местото и купуваат многу сувенири. 

Чијанг Мај, Тајланд

Ова е место со најблага и најпријатна клима во Азија. Во овој планински град со своите финансии ќе терате доста долго и нема да се плашите дека ќе останете без пари. 

Коросал, Белизе

Многу ресторани и плажи, а цените се пристапни. 

Пуерто Ваљарта, Мексико

Државата е преполна со градови каде може евтино да се живее, а овој е најдобар. Мана ми е тоа што е преполн со туристи. 

Охен, Шпанија 

Овој шпански град е полн со вили на милионери, но цените не се високи. Тој е одлично место за одмор, а туризмот е гранка од која луѓето живеат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »