Промовирани огласи »

Луѓето ќе работат многу помалку за три децении отколку денес, вели Џек Ма, основачот на Алибаба.

Луѓето ќе работат само четири часа дневно, а можеби и само четири дена во неделата. Мојот дедо работел 16 часа дневно на полињата ( и мислел дека е многу зафатен). Работиме сега осум часа, пет дена во неделата и мислиме дека сме презафатени, рекол Ма.

Неговите предвидувања се надополнуваат со оние кои ги изнел познатиот економист Џон Маинард Кеинес, кој рекол дека во 2030 работната недела ќе биде околу 15 часа, бидејќи роботите полека ќе почнат да ги менуваат работниците.

Првата технолошка револуција ја предизвика првата светска војна, втората предизвика Втора, а ова е трета технолошка револуција, вели Ма и истакнува дека често патува како би ги предупредил светските лидери брзо да делуваат бидејќи верува оти кровот треба да се поправи додека е уште во функција.

Ма исто така предвидува дека луѓето ќе може да патуваат до поголем број дестинации отколку сега.

„Во просек, сега луѓето посетуваат околу 30 места. Триесет години подоцна ќе бидат веројатно 300“.

Промовирани огласи »

Ако секој понеделник без волја одите на работа, има техники со помош на кои работите ќе се сменат. 

Истражување на  Galup во 140 земји покажува дека само 13% од испитаниците се задоволни од својата работа. 63% се рамнодушни, а 24% ја мразат својата работа. 

Обично луѓето не ја сакаат работата која не е поврзана со нивната струка, но тоа и не мора да биде причина некоја професија да ја мразите. 

Работата не е само професија и услови, туку и опкружувањето кое го имате околу себе. 

Работата можеби веќе ви станала рутина, можеби имате многу задачи, можеби е до амбиентот или сте многу амбициозни. 

Затоа стекнете навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро. 

Усовршете се за да заработувате повеќе и да добиете покачување. 

Научете да разликувате успех од среќа. 

На работа сменете го она што не ви се допаѓа. 

Многу работи зависат и од тоа како фирмата ги мотивира вработените. 

Платата не е единствен начин на мотивација, туку и да се донесуваат одлуки, да се даваат предлози, работникот да добие некаква важна улога во компанијата. 

Промовирани огласи »

Резидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари до 10.000 евра.

Според информациите од Царинската управа, за да внесуваат 10.000 евра и повеќе, треба при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Нерезидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.

Тие можат во државата да внесуваат ефективни странски пари и чекови од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на границата кај царинските органи го пријават износот што го внесуваат.

Резидентите можат да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови до 2.000 евра. Тие смеат да изнесат ефективни странски пари и чекови во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај царинските органи го пријават износот.

Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка.

Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

Промовирани огласи »

Во Македонија луѓето кои работат во воздухопловен транспорт имаат највисоки плати и заработуваат плата од 58.201 денари. 

Зад нив се оние од секторот компјутерско програмирање со 55.468 денари, трети се вработените во телекомуникации со 55.366 денари. Подолу на листата се финансиски услужни дејности со 41.013 денари, осигурување, реосигурување и пензиски фондови со 38.277 денари. 

Најниски плати земаат луѓето во трговија, преработувачка индустрија, земјоделство и ред други сектори кои со години се слабо платени. 

Државниот завод за статистика вчера објави дека нето платите во април 2017 година споредено со истиот месец претходната година се поголеми за 1,4%. 

Просечната нето плата во Македонија изнесува 22.672 денари. Од вработените во земјава 0.9% останале без својот личен доход во април.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »