Рептил Дооел увоз-извоз

ЕМБС: 40309921563
Индустрија: Прехрамбена
Адреса: ул.Пандил Шишков бр.7
Град: Скопје
Facebook: reptilmarketi
Рептил е ланец на маркети кој брои, 21 маркети лоцирани во Скопје и 4 маркети во Виница. Компанијата брои приближно 300 вработени. Рептил маркетите постојат 27 години и бележат континуиран раст и економски успех од своето основње. Нашата компанија е основана врз темелите на поранешната самопослуга Центро преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Ова ни овозможува да се истакнеме како единствен ланец-маркет во градот кој ја продолжува традицијата и гранатира топла и искрена услуга за секој потрошувач. За да го олесниме пазарењето на нашите потрошувачи, ја отворивме нашата онлајн продавницa, a пазарењето може да се прави од сите типови на уреди и е неверојатно брзо и едноставно. Нашата визија е: Маркети со најдобра услуга во градот.

• Кариера во Рептил
Рептил е стабилна компанија која на вработените им нуди здрава работна средина и редовни месечни примања, сменско работење, исплата на сите додатоци на плата (минат труд, прекувремена работа, работа на празник), најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор (К15), новогодишен бонус, пакет подароци за новороденче и склучување на брак, подарок и слободен ден за роденден, слободен ден за прваче, исплата на бонуси за ефикасност и реализиран таргет, и останати бенифиции за мотивација на вработените.

• Кариерен напредок во Рептил
Рептил нуди можности за напредок и личен развој за секого. Можеме да се пофалиме дека имаме успешни раководители и шефови на смена кои својата кариера ја започнале како продавачи кои имале голема амбиција и со наша подршка ја развиваат својата кариера.



барај огласи за вработување » барај останати огласи »