KARIERA.mk – македонска мрежа од над 700.000 луѓе

KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 20 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија.

KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе ти помогне да напредуваш во твојот професионален развој. Секој кандидат ќе може да си креира свој профил со прикачување на своето CV и со само еден клик на копчето Аплицирај да се пријави како заинтересиран за определено работно место, пракса или стипендија.

Различни не прави фактот што огласите се објавуваат на веб страни кои имаат:

  • 12 милиони прегледи месечно,
  • Фејсбук фан страни кои имаат над 600.000 активни фанови,
  • таргетиран newsletter до над 100.000 кандидати,
  • нотификации на мобилен и
  • други моќни канали на брзо информирање!

Нашиот заштитен знак - Колибри!

Колибрито е една од најфасцинантните птици поради способноста да се движи флексибилно, да го менува брзо и лесно правецот на движење, пролетувајки од едно на друго место. Афинитетите на оваа птица, често може да бидат охрабрувачки за да развиете моќни особини.

Нас не инспирира да бидеме прилагодливи и брзо да одговориме на барањата. Исто така, не учи да ги чувствуваме нијансите на емоции и движењата во нашата околина. Ни дава енергија, елан и склоност да работиме напорно и во ситуации кога промените се нагли и наложуваат издржаност и заштита на приватноста на нашите целни групи.

Колибри! Да бидете поприсутни. Независни. Да уживате во секој миг од животот. Да ја отстраните негативноста. Да бидете спремни за долги релации без да се заморите.

KARIERA.mk - Вистинската работа за тебе

барај огласи за вработување » барај останати огласи »