Дали продажбата е твоја страст?

  • Објавен на 2.2017
  • Радио Индекс
  • Активен до 03.03.2017
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

Маркет Радио е трговска марка на Тик Так Аудио - фирма со долгогодишно искуство во понудата на музички, медиумски и технолошки услуги на Македонскиот и регионалниот пазар.

Маркет Радио обезбедува пристап до музички канали со 100% регулирани права за јавно емитување, согласно Законот за авторските и сродни права.

Клиенти на Маркет Радио се трговски синџири и објекти на македонскиот пазар. Со цел проширувањето на дејноста, Маркет Радио бара регионални трговски претставници.

Активност на трговските претставниците:

  • Продажба на услугите на Маркет Радио со цел зголемување на бројот на комерцијални објекти со музика со целосно уредени авторски и сродни права за јавно емитување на музика согласно Законот за авторските права

Услугите ги покриваат сите видови на комерцијални објекти - бензински пумпи, продавници, мини маркет, супермаркети, киосци, продавници за хардвер, чаршии на отворено и затворено, трговски центри, мебел продавници, автосалони, магацини на големо, стоковните берзи, барови, ресторани, пицерии, пабови, пивници, киосци, пекари, хотелски установи тип all inclusive, брза храна, казина, игри сали, обложувачници, фитнес сали, танцувални сали, билијард, казина, игри на среќа, сали, СПА центри, базени дел од хотелски комплекси, аквапаркови, центри за убавина, козметички салони, спортски сали и базени комплекси и сите други места каде што се врши бизнис.

Се за услугите на компанијата може да се најде на: http://www.marketradio.mk/about и http://www.marketradio.mk/solutions

Клиентите кои користат услугите на маркет Радио, можат да се видат тука: http://www.marketradio.mk/clients

Нашите трговски претставници имаат шанса да работат на пазар, во кој масовно се користи музика во продавници и барови, без да се регулирани и платени правата за нејзина употреба. Оваа состојба на пазарот, како и иновативниот пристап на компанијата, атрактивните цени и транспаретните услови им гарантираат успешен старт и висок приход за трговските претставници.

Ние нудиме:

  • Обука во специфичноста на понудените производи;
  • Флексибилно работно време;
  • Промотивен материјал;
  • Атрактивна шема за плаќање - 20% од износот на секоја продажба;

Аплицирајте на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »