Работник/ци за работи поврзани со редовна тековна проверка и одржување на системи за слаба с

Фирма од Скопје има потреба од вработување на работник за редовна проверка и одржување на веќе изведени системи за слаба струја, што претежно вклучува системи за детекција и дојава на пожар, системи за јавно озвучување, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап и работно време, системи за заштита од упад/кражба, видео домофонски и домофонски системи, системи за обесчадување, системи за детекција на штетни и ексползивни гасови, системи за заштита на производи од кражба и броење на посетители,.....

Потребно Образование: Електротехника/ССС или друга соодветна стручна спрема

Работно искуство:  без искуство .

Опис:

  • Тековно одржување на постоечки објекти со веќе изведени системи (активирање на јавувачи на пожар со вештачи чад, мерење на силина на звук со апарат за мерење,.....), како и по потреба изведба на кабловски инсталации и монтажа на опрема.

Потребни вештини:

  • Добра физичка подготвеност
  • Поради специфичноста на работата пожелно е мала телесна тежина
  • Способност за работа на висина

Фирмата нуди:

  • Континуирано усовршување во сите области (стручни, индивидулни,..)
  • Соодветна финансиска компензација
  • Динамична и интересна тимска работна средина

Кратка биографија и мотивациско писмо доставете на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »