Инженер за храна

Активни огласи од Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ СКОПЈЕ:

Машински инженер

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје, претставништво на реномираното сертификационо тело TÜV NORD Cert од Германија, има потреба од вработување за постојано работно време на инженер за храна.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - дипломиран инженер прехранбен технолог или дипломиран инженер агроном
  • Претходно работно искуство минимум 4 години во прехранбена индустрија
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
  • Ќе се смета за предност доколку кандидатот поседува IRCA сертификат за завршенa 5 дневна обука за ISO 9001 или за ISO 22000 меѓународен стандард
  • Ќе се смета за предност доколку кандидатот поседува искуство во извршување на Сертификациски проверки (аудити) за други светски сертификациони тела
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Високи комуникациски способности

Одговорност и задачи:

  • Извршување на сертификациски проверки (аудити), со претходна обука обезбедена од стручни лица на TÜV NORD Cert
  • Подготвување на извештаи во согласност со TÜV NORD Cert Стандардите, со претходна обука од страна на стручни лица од TÜV NORD Cert
  • Одржување на состаноци со клиенти

Почетна плата:

  • 36.000 денари НЕТО.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават на e-mail: кратка биографија на англиски јазик (Europass form C.V.) најдоцна до 23.04.2017 год. на следната e-mail адреса: office@tuv.mk

КЛИКНИ