Oглас за работно место: сметководител за канцеларија во Тетово

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место: сметководител за канцеларија во Тетово:

  1. Опис на работно место:

Вработениот на ова работно место ги има следниве работни одговорности:

  • Книжење и организирање на одделни типови документи
  • Kомуникација и преземање на документи од клиенти
  • Организација на технички работи (преводи на документи, проверка на документи од правен аспект и сл.)
  • Асистирање при вршење на ревизии
  1. Критериуми за работно место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет – додипломски студии (сметководство, ревизија, финансиско сметководство);
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности;
  • Уредност;
  • Одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став;
  • Работно искуство – не е потребно
  1. Компанијата нуди:
  • Можност за напредок, раст и развој на професионално ниво;
  • Пријатна работна атмосфера во млад работен колектив;
  • Договор за вработување согласно законските прописи;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот;

Вашата професионална биографија и мотивационо писмо, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака „за работно место: сметководител за канцеларија во Тетово

Датум на огласот: 17.01.2017

Прием на апликации до: 31.01.2017

Огласот трае до 31 јануари 2017 година, а изборот ќе се изврши во рок од 20 работни дена по истекот на рокот за пријавувањe

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

РСМ е секогаш отворен за соработка со млади и вредни ентузијасти, кои сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

 

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Стојан Јорданов

Ул.„Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје

Контакт телефон: +38923233301

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »