ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АМЦ КОМПАНИЈА ЛИДЕР ВО ИТ МАЛОПРОДАЖБАТА ВО МАКЕДОНИЈА
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Со место на вршење на работните задачи во управната зграда во Скопје
(на определено време 3 месеци – 1 позиција со план за неопределено ако кандидатот ги оствари очекувањата)
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- Соодветно образование
- Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, DTP
- Одлично познавање на англиски јазик
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Солидно познавање на MS office пакет
- Adobe Flash, HTML познавања би носеле предност
Одговорности и работни задачи:
ГЛАВНА И НАЈВАЖНА РАБОТНА ЗАДАЧА
Дизајн на флаерот со попусти и нови производи
(погледни на http://www.amc.com.mk/KatalogSliderPage
Ако мислиш дека можеш исто или подобро, пријави се...)
Други работни задачи
Дизајн и графичко уредување на сите потребни материјали, летоци, материјали за социјални медиуми итн...
Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
Обезбедување на фотографии со висока резолуција и нивно прилагодување за дизајн
Развивање креативни решенија за брендирање на продавниците на компанијата
Вклученост во менаџирањето на web продавницата на компанијата, поставување производи, спецификации, банери, информации.
Поддршка во оддржување на профилите на социјалните мрежи на компанијата со поставување постови, customer care поддршка и слично.
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука
- Атрактивен личен доход. Можност за зголемување во зависност од амбицијата и исполнувањето на обврските
Работно време од понеделник – петок (08.00 – 16:00 часот)
Неделното работно време е 40 часа
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија и портфолио со линк на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за графички дизајнер”
Огласот е активен до 25.04.2015 година
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позицијата за која се аплицира
- Мотивационо писмо
- Креативно портфолио