Aдминистратор на бази на податоци (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас 

EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

Aдминистратор на бази на податоци (М/Ж)

Опис на работните задачи
Проектирање, кодирање, тестирање и поддршка на најновата генерација решенија - бази на податоци:
• Oracle 10g, 11g и 12c, MS SQL и MySQL администрација на база (инсталација и параметризација)
• Data Security, Backup & Recovery (Кандидатот ќе биде одговорен за безбедносните (security) аспекти на базите на податоци, како и превенцијата од загуба на податоци)
- Конфигурирање на backup за Oracle бази (RMAN и datapump)
- Конфигурирање на backup за MS SQL бази
- Конфигурирање на backup за MySQL бази
• Администрација на Standby/Failover (Oracle Data Guard)
• Oracle RAC & ASM инсталација и администрација
• Познавање на миграциски техники за Oracle, MS SQL и MySQL бази на податоци
• Искуство со Oracle middleware (апликациски сервери)
Остварување restore постапки за враќање на податоци, имплементација на recovery процедури и редовен backup на системите.
 

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Ефективни комуникациски вештини, пишани и вербални (особено со лица кои немаат големи познавања за IT технологии)
  • 3 – 5 години работно искуство
  • Основно познавање на оперативните системи Windows и Linux

Компетенции: 

  • Насоченост кон резултати
  • Висока организираност
  • Фокус на одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти
  • Способност за менаџирање на повеќе проекти од различни функционални области истовремено
  • Способност за изнаоѓање инвентивни решенија за подобрување на перформансите на базите на податоци со кои ќе управува,
  • Способност за разбирање на комплексните проблеми од областа на работење и можност да препорачува ефикасни решенија за нивно отклонување.
     

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »