Стручен соработник

Дермаестетика Доо Скопје е компанија која постои веке 10 години и е ексклузивен застапник на професионалните француски козметички брендови GUINOT INSTUTUT PARIS И MARY COHR PARIS. 
За потребите на нашиот комерцијален сектор распишуваме оглас за следниве работни места:


1. Стручен соработник за развој на пазар


Главни Одговорности и опис на работното место:

  • Организирање на продажба на професионална козметика и апаратура
  • Реализација на зададени планови и таргети
  • Континуирано следење на продажбата и изготвување на месечни извештаи
  • Посета на потенцијални и тековни клиенти, мапирање на клиентска мрежа
  • Презентација на козметички брендови, апарати и протоколи на третмани
  • Подготовка на понуди, презентација на договори
  • Организирање на продажни семинари
  • Иницијативност и координираност кон промоција на брендовите на пазарот
  • Потребни способности и вештини
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Ориентираност кон исполнување на планови и следење на рокови
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Посветеност кон постигнување на резултати
  • Желба за учење и напредување во работата
  • Флексибилност кон работа на терен и патувања

Очекувани квалификации

  • ВСС ( Економски, Медицински, фармацевтски факултет или сродни гранки)
  • Работно искуство во развој на пазар за козметички производи , апарати или сродни гранки ќе се земе за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик и работа со компјутер Microsoft ofice 
  • Возачка дозвола Б категорија активен возач

Ние нудиме:

  • Високо професионална средина за работа, беспрекорност и коректност,
  • Иницијална обука за брендовите, континуирана едукација и професионално усовршување,
  • Интернационални Сертификати и референци,
  • Редовна плата плус бонуси од реализацијата,

Доколку сте заинтересирани ве молиме испратете ни кратка биографија на нашата емаил адреса petanoska@t-home.mk 

КЛИКНИ