- Објавен на 4.2017
- Маркет Висион
- Активен до 06.05.2017
- Позиција: Програмер/Информатичар
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-064
Агенцијата за маркетинг и консалтинг Маркет Висион од Скопје има потреба од проширување на својот тим со позицијата 2D аниматор
ОБВРСКИ
- планирање и развивање на креативни концепти и идеи согласно потребите на клиентите
- изработка на врвни креативни решенија согласно наведените рокови и подготовка на припреми за нивно користење во разни медиуми
- презентирање на концепти пред вработени во агенцијата и клиентите
- извршување на обврските на време и според стандардите за квалитет на агенцијата
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- способност за изработка на врвни креативни решенија
- одлично познавање на програмите: WordPress, HTML5, Joomla, Dreamweaver, Muse, Flash, Edge Animate, After Effects, Premiere, Audacity, Audition, Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Acrobat
- најмалку 2 години работно искуство
- способност за тимска работа и прилагодување на креативните решенија според упатствата на лидерот на тимот
- подготвеност да работи со кратки рокови и под притисок
- познавање на англиски јазик
Сите заинтересирани лица треба да испратат кратка биографија (CV) и свое портфолио од досегашни сработени проекти на следната адреса [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 05.05.2017 год.
Сите добиени документи ќе се третираат строго доверливо.