Реонски инструктор за тутун

  • Објавен пред 3 месеци
  • Алајанс Уан
  • Активен до 18.02.2017
  • Позиција: Останато

Алајанс Уан Македонија АД, Кавадарци нуди можност за вработување на следното работно место: Реонски инструктор за тутун.

Број на извршители: 3

Времетраење на работниот однос: На определено време од 1 (една) година со можност за продолжување

Работното време: 40 часа неделно од 8 до 16 часот.

Основната нето плата без додатоци и надоместоци: 18,700 ден.

Работни задачи:

  • Спроведува програми за примена на добри земјоделски практики во сите фази на тутунопроизводството
  • Ја следи состојбата на тутунот во сите фази на примарното производство и доставува соодветни извештаи
  • Врши процена на суров тутун

Заинтересираните кандидати треба да достават своја кратка биографија (Curriculum Vitae) на следната адреса: Алајанс Уан МакедонијаЗападен булевар 105 1430 Кавадарци или со електронска пошта на адреса: aoimk@aointl.com

Апликации ќе се примаат заклучно со 17.02.2017 година, а кандидатите коишто ги задоволуваат критериумите ќе бидат вклучени во процесот на селекција.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Потребно образование:

  • Најмалку диплома за завршено средно образование од областа на земјоделските науки.
  • Диплома за завршено високо образование од областа на земјоделските науки ќе се смета за предност

Други квалификации:

  • Лиценца за процена на тутун ќе се смета за предност
  • Задолжително поседување на возачка дозвола од Б категорија

Други способности и вештини:

  • Познавање на MS Office
  • Познавање на англиски јазик

Работно искуство:

  • Искуство поврзано со производство на тутун ќе се смета за предност
КЛИКНИ