Медицински претставник

  • Објавен на 2.2017
  • БИОНОВА ДОО
  • Активен до 21.02.2017
  • Позиција: Медицински персонал/Негуватели
  • Локација: Скопје

БИОНОВА ДОО Скопје е млада динамична, брзорастечка компанија, чија основна дејност е продажба и маркетинг на козметички производи. За потребите на компанијата се отвара една (1) позиција Стручен медицински соработник (м/ж), за работа на определено време, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на продажната дејност на територијата на Македонија.

Одговорности:

  • промоција, презентација и продажба на козметички производи
  • посета на аптеки и доктори
  • остварување на предвидениот план на продажба
  • спроведување на предвидените маркетинг активности
  • градење на добри релации со клиентите и презентирање на производите
  • поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата и промотивните активности

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармација, медицина, стоматологија)
  • одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • одлични комуникациски и презентациски вештини
  • одлични организаторски способности и вештини на планирање
  • одлично познавање на англиски јазик
  • валидна возачка дозвола (Б-категорија)

Профил на кандидатот:

  • одговорен и ориентиран кон резултати
  • проактивност и иницијативност
  • подготвен за патување
  • посветен на работата и реализација на зададените цели
  • лојален, отворен и искрен

Компанијата ќе овозможи:

  • можности за напредување во кариерата
  • интересна и динамична работна атмосфера
  • конкурентен надоместок соодветен на постигнатите резултати

Доколку сте заинтересирани и сакате да станете дел од нашиот тим, а сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, испратете кратка биографија (резиме) заедно со фотографија и мотивациско писмо, најдоцна до 01.03.2017 на е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »