Специјалист за интернет маркетинг

За компанијата: Независната Новинска Агенција Макфакс, постои на пазарот од 1992 година и е првата приватна новинска агенција во Македонија и регионот, која со своите услуги и сервиси, успешно ги води своите клиенти кон... повеќе за компанијата »

Новинска агенција Макфакс објавува оглас за Специјалист за интернет маркетинг.

Работни обврски:

  • Развивање и имплементација на стратегија за социјални медиуми за да се зголеми сообраќајот на веб страната и свестата за брендот
  • Изработка на кампањи и извршување на сите активности поврзани со социјални медиуми
  • Генерирање, уредување, објавување и споделување на дневни содржини (оригинален текст, слики, видео) за градење на врски и охрабрување на членовите на заедницата да преземат акција
  • Соработка со новинари, сниматели, монтажери и дизајнери со цел да се обезбеди дека содржината е информативна и привлечна
  • Раст и проширување на присустувото на други платформи за социјални медиуми
  • Оптимизација на веб страна
  • Подготвување на неделни и месечни извештаи
  • Контрола на содржини кои се генерирани од страна на корисници за да се осигура дека се во согласност со политиката на медиумот

Потребни квалификации:

  • Способност за одлично изразување/пишување, креативност, силни аналитички вештини, ориентираност кон остварување на резултати
  • Познавање и искуство со алатки за оптимизација, аналитика, маркетинг автоматизација
  • Искуство со водење на профили на социјални медиуми за деловни потреби
  • Познавање на англиски јазик

Претходно работно искуство во дејноста

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »