Бесплатен курс: Вовед во веб дизајн

Дали сте нови во веб дизајнот? Почнете од тука. Во овој курс ќе ве запознаеме со основните концепти, алатки и патеки на учење за веб дизајн. Ќе ви објасниме што значи да сте веб дизајнер, кои се различните области на специјализација во полето, и дали веб дизајнот е соодветно хоби или кариера за вас. Ако сакате набрзина да поставите нешто на интернет, погледнете го поглавјето за поставување содржина, избирање име на домен и веб хост. Дали сакате да го збогатите својот комплет со алати? Научете што сé ви е потребно за да креирате нов веб сајт, почнувајќи од софтверот за веб дизајн и системите за управување со содржина, па завршувајќи со тестирање, правење прототипи и работни рамки за развој. Во курсот ќе ви ги прикажеме патеките по кои може да се движите во процесот на учење, и на кратко ќе позборуваме за стандардите и пристапноста, прилагодливиот дизајн, и трите основни веб технологии: HTML, CSS и JavaScript.

Теми:

  • Што е веб дизајн?
  • Што е веб дизајнер?
  • Учење програмирање
  • Избирање веб хост
  • Работа со CMS
  • Структура на веб сајт
  • Избирање работна рамка или софтвер
  • Дизајнирање следејќи ги стандардите и принципите за пристапност
  • Како да научите HTML, CSS, и JavaScript

 

Кому му е наменет овој курс?

Овој курс им е наменет на оние кои сакаат да станат веб професионалци и сакаат да градат кариера во областа на вебот.

Практичен дел

Курсот е од теоретска природа и не содржи практичен дел.

Формат на курсот

Курсот се изведува на далечина, но не содржи менторска помош.

Како да го следите овој курс?

За да го следите овој курс треба претходно да се регистрирате пополнувајќи го овој формулар.

Повеќе информации

Курсот “Вовед во веб дизајн“ е само еден од многуте курсеви на веб академијата Еверест чиј основач е Марјановиќ Едукација. За повеќе информации околу начинот на изведување настава кликнете овде.

Останати бесплатни курсеви

 

Детална содржина на курсот

1. Разгледување на веб дизајнот
Како да се започне со веб дизајн?
Разгледување на HTML
Разгледување на  CSS
Разгледување на  JavaScript
Како да научите да програмирате?

2. Полето на веб дизајн
Што е веб дизајнер?
Дали веб дизајнот е за вас?
Различни области од веб дизајн

3. Да започнеме
Како да поставите материјал на интернет набрзина?
Работа со систем за управување со содржина
Избирање веб хост
Регистрирање имиња на домен
Администрирање сајтови
Како се структурирани сајтовите

4. Алатки
Типична работна станица
Избирање уредувач на код
Избирање графички уредувач
Алатки за тестирање
Алатки за правење прототипи
Работни рамки
JavaScript библиотеки

5. Учење веб дизајн
Што да научите прво?
Стандарди и пристапност
Важноста на содржината
Дизајнирање за на екран
Работа во свет со повеќе уреди
Типичен работен тек во веб дизајнот

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »