За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на...
повеќе за компанијата »Куќна помошничка или домаќинка е личност која работи во рамките на домот, односно приватното домаќинство на едно семејство. Домаќинката го одржува домаќинството во целост и му помага на семејство во секојдневните домашни активности. Ангажирање на ваква личност и професија се прави со цел да се опфатат и завршат поголем број на домашни задачи во еден дом, во согласност со индивидуалните потреби и желби на членовите кои живеат во тој простор. Доколку се пронаоѓате во оваа професија пријавете се на огласот и станете дел од нашиот тим.
Секое семејство е индивидуално и има различни потреби согласно на кои се дефинираат и обврските на домаќинката. Клучни одговорности и обврски на домаќинката можат да опфаќаат следно:
-
Припрема и подготовка на оброци: прибавување на продукти за подготовка на оброци, планирање и подготовка на оброци со семејство, евиденција на трошоци за продукти.
-
Одржување на садови: селекција и ставање во машина за садови, вклучување машина за садови и вадење на садови од машина.
-
Одржување на алишта: селекција на алишта за перење, вклучување машина за алишта, распределување на алишта во машина за сушење или друго место каде што се сушат алишта, пеглање.
-
Смукање со правосмукалка и бришење на подови.
-
Бришење прашина и полирање мебел.
-
Чистење на бања.
-
Средување на соби.
-
Отстранување на пајажина од тавани и ѕидови.
-
Одржување на опрема за чистење во хигиенска состојба: правосмукалка, крпи, други помошни средства и опрема да се одржуваат чисти и употребливи.
-
Навремено известување на семејство за потребни материјали, средства и опрема.
-
По потреба јавување и одговарање на телефон.
-
Надгледување и известување на семејство за потребни поправки и измени.
Квалификации и вештини:
- Основно или средно образование.
- Препорака од претходни работодавачи.
- Минимум 2 години претходно искуство како куќна помошничка - домаќинка.
- Посветеност на работно место и обврските.
- Соодветна комуникација и професионален однос со семејство.
- Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 28 февруари 2017 година.
- Сите апликации ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.
[најави се за да го видиш е-маилот]
[најави се за да го видиш е-маилот]
www.babysittingmk.com