ДОМАЌИНКА

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Домаќинка е личност која работи во рамките на домот, односно приватното домаќинство на едно семејство. Домаќинката го одржува домаќинството во целост и му помага на семејство во секојдневните домашни активности. Ангажирање на ваква личност и професија се прави со цел да се опфатат и завршат поголем број на домашни задачи во еден дом, во согласност со индивидуалните потреби и желби на членовите кои живеат во тој простор. Доколку се пронаоѓате во оваа професија пријавете се на огласот и станете дел од нашиот тим.

 

Потребни се два извршители за работа во домот на семејство на следните локации и со наведено работно време:

Водно,  09:00 – 17:00 часот (понеделник – петок)

Кисела Вода, 09:00 – 17:00 часот (три дена во неделата)

 

Клучни одговорности и обврски на домаќинката можат да опфаќаат следно:

  • Оброци и храна: Прибавување на продукти за подготовка на оброци, секојдневно припрема и подготовка на оброци за цело семејство, по потреба посебно за децата и посебно за родителите, евиденција на трошоци за продукти.

  • Одржување на садови: селекција и ставање во машина за садови, вклучување машина за садови и вадење на садови од машина.

  • Одржување на алишта: селекција на алишта за перење, вклучување машина за алишта, распределување на алишта во машина за сушење или друго место каде што се сушат алишта, пеглање.

  • Одржување на хигиена во домот;

  • Други обврски поврзани со домаќинство по договор со семејство.

     

Квалификации и вештини:

  • Основно или средно образование;

  • Препорака од претходни работодавачи;

  • Претходно работно искуство како домаќинка или слична дејност;

  • Посветеност на работно место и обврските;Ефикасна комуникација и професионален однос со семејство.

     

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 20 јуни 2017 година.

Сите апликации ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »