За компанијата: БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии. Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана...
повеќе за компанијата »Водечката компанија во графичката индустрија Bato&Divajn објавува оглас за работната позиција:
Сметководител / Асистент за финансии
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование во соодветната област;
- Mин 3 години претходно работно искуство на наведената позиција во областа на финансиско и материјално сметководство во производна компанија;
- Искуство во подготовка и анализа на финансиски извештаи, книжења, трансфер и евиденција на финансиски средства и завршна годишна сметка;
- Одлично познавање и активно работење со апликацииte од MS Office пакетот и сметководствени апликации;
- Одлично познавање и aктивно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен);
- Активно следење и познавање на актуелни промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството;
- Високо развиени аналитички и комуникациски способности;
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, потребно е да достават (по пошта или e-mail) своја биографија (CV) и скорешна фотографија со назначување на позицијата за која аплицираат, најдоцна до 30.06.2017год. на:
Графички центар Bato & Divajn,
ул. Борис Трајковски бр.314, 1000 Скопје
e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.batodivajn.com