Соработник за техничка подршка

Хелиос Македонија дооел

Босна и Херцеговина 55

1000 Скопје, Македонија

Поради зголемување на обемот на работа, компанијата ХЕЛИОС МАКЕДОНИЈА има потреба од нов  соработник на следната работна позиција :

Соработник за техничка поддршка

Потребни квалификации:

  • Високо образование - дипл. хемиски инжињер или дипл.технолог
  • Одлично познавање на основен Microsоft Office пакет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола ,,Б,, категорија - активен возач

Задачи и одговорности:.

  • Креирање и остварување на план за продажба и наплата
  • Посети и комуницирање со клиенти
  • Техничка подршка на клиенти
  • Изготвување комерцијални понуди, договори и тендерска документација
  • Пратење на залихи,набавка  на роба и обезбедување на дозволи за увоз
  • Деловна коресподенција
  • Обезбедување поддршка на клиенти и аквизиција
  • Административни активности

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Комуникативност и презентациски вештини
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Подготвеност за работа под притисок и куси рокови
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, Ве молиме да ја доставите   вашата професионална биографија – CV - на e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 25.2.2017 год. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 30 дена, по истекот на рокот за пријавување, доколку ги исполнуваат наведените услови во огласот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »