- Објавен на 5.2017
- ГРАНДЕКС ДООЕЛ
- Активен до 01.06.2017
- Позиција: Возач/Управувач
- Локација: Скопје
- Телефон: 3290-970
Веќе 25 години работиме со ентузијазам и посветено во дејноста увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. За да обезбедиме малку подобра услуга на нашите клиенти, потребни ни се ДИСТРИБУТЕРИ
Потребна е само вистинска верба, страст и посветеност за да успееш да направиш позитивна разлика што клиентите ќе ја чувствуваат секој ден.
Од тебе се очекува
- Да си активен возач со возачко искуство од најмалку 5 години,
- Да поседуваш одлични комуникациски вештини,
- Да бидеш позитивен и со непрекината желба за учење,
- Да разговараш и да споделуваш идеи за тоа како да се унапреди нашето работење,
- Да го споделуваш нашиот ентузијазам и да помагаш да се одржува тимскиот дух,
- Да бидеш отворен за промени и да бидеш способен да дејствуваш брзо,
Се радуваме на можноста да го прошириме нашиот тим со некој како тебе
Те охрабруваме да ни пратиш Кратка биографија со слика и мотивациско писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за Оглас - дистрибутер
Ќе бидат контактирани само апликантите кои ќе влезат во потесниот избор.
Изборот ќе се направи во рок од 15 дена од датумот на објавување.