(преземи го огласот како слика)
''Божиноски-Недвижности'' е формирана со цел да обезбеди највисок квалитет на услуга во дејствувањето при посредување со недвижности, што подразбира
интегритет, навременост, доверливост, кредибилитет, чесност и почитување. Овие вредности не ги пренесуваме само на нашите клиенти, туку истите се очекуваат како стандард во начинот на работењето и комуникација на нашите брокери за недвижности, вработени, менаџментот и сите други соработници и засегнати страни.
''Божиноски-Недвижности'' е во потрага по брокер за недвижности.
Потребни квалификации:
- ССС или ВСС
- познавање на англиски јазик
- познавање на MS Office и Internet
- силно изразени напредни комуникациски вештини
- способност за преговарање
- организациски и аналитички способности
- сериозност и амбиции за учење и доусовршување
- искуство во продажба ке се смета за предност
- возачка дозвола Б-категорија
Што нудиме на нашите вработени:
- пријатна и поттикнувачка работна атмосфера
- фер односи
- можност за развој на кариера, унапредување, учење и усовршување во областа преку континуирани обуки,
- основна плата плус бонуси конкурентни во дејноста
- мотивирачки систем на наградување
- почитување на креативноста, добрите идеи и високите потенцијали
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.
Доколку се пронајдовте во наведените квалификации и доколку сметате дека ваквата работа е доволно стимулирачка за да ви овозможи задоволство додека ја работите, испратете го Вашето CV со слика, со назнака Апликација за Брокер за недвижности на mail: [најави се за да го видиш е-маилот]