Доставувач и магационер

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Сервисер на фрижидери

ОГЛАС за вработување на персонал за следните работни позиции:

ДОСТАВУВАЧ – 2 извршител за Скопје и

МАГАЦИОНЕР – 2 извршител за Скопје

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • 1 година претходно работно искуство во прехрана ќе се смета како предност
  • Работно познавање од компјутери (MS Office пакет)
  • Возачка дозвола  Б и Ц– категорија, активен возач (минимум 2 години)
  • Кандидатите мора да се со место на живеење Скопје

Очекувани вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ

Вашата Професионална Биографија можете да ја доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака „за Доставувач “ или “за Магационер” зависно за која позиција аплицирате.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака за кое работно место аплицираат НЕМА да бидат разгледани!
  • Кандидатите мора да се со место на живеење Скопје!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рокот за пријавување по огласот трае 5 работни дена од објавата
  • Рокот во кој ќе се изврши изборот – доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за огласеното работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за огласеното работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за огласеното работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »