Административен асистент

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

ОПИС

Помлад соработник на проект

Агенција Рејтинг нуди вработување со полно работно време, со сите бенефиции и осигурувања. Нашите вработени имаат целосна поддршка, солидна почетна плата, со можност за раст во самата компанија. Позицијата која ја нудиме е со полно работно време, односно од 08:30 до 16:30 часот. Потенцијалот за заработка и напредок во нашата компанија е огромен!

Одговорности:

  • Административно водење на проектите за кои сте задолжени
  • Подготвување извештаи за општата работата
  • Подготвување на извештаи за вработените и комуникација со агентите
  • Подготовка на исплати и основно водење на финансии финансии
  • Основна комуникација со клиенти
  • Овозможување комуникација помеѓу агентите и останатите тимови на Агенција Рејтинг

Квалификации и карактеристики:

Бараме личност која има искуство со подготвување извештаи и напредно работење во Microsoft Office. Позицијата наложува прецизно работење, и изработка на детални анализи и извештаи поврзани со назначените проекти.

Предуслови за работната позиција се следните:

  • Одлични компјутерски вештини
  • Одлично познавање на Microsoft office пакетот, особено Мicrosoft Excel
  • Да бидете смирена и толерантна личност
  • Способност за увидување детали и темелно работење
  • Одлично говорење на англискиот јазик
  • Солидни комуникациски и интерперсонални вештини

Агенција Рејтинг (www.ratingcallcenter.com) е меѓу водечките компании во регионот за комуникации и истражувања. Нашиот тим постојано расте а компанијата има канцеларии во четири земји на Балканот. Работиме на проекти во десет земји членки на Европската Унија.

Испратете ни го Вашето резиме на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве очекуваме!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »