Практикант сервис

Олимпиа Моторс Доо - Скопје овластен дистрибутер и сервисер за возилата од гамата Opel и Chevrolet објавува оглас за платена практична настава во Олимпиа Моторс во времетрање од три месеци за студент од профилот машински инжинер – моторни возила.

Практикантот за време на практичната настава ќе биде дел од сервисниот тим и ќе биде ангажиран во тој сектор.

Во текот на истата практикантот ќе се стекне со следните вештини и знаења: директно учество во работењето во сервисниот центар и приемното оделение, прием и предавање на возила, изучување на процедурата во постпродажба, стекнување на комуникациски вештини со клиенти (директни и телефонски), стекнување на работна навика.

Сите заинтересирани е потребно да ги достават своите CV-а (во pdf формат) најдоцна до 27.01.2017 год. на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Практикант сервис.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »