Графички дизајнер

  • Објавен на 4.2017
  • Маркет Висион
  • Активен до 06.05.2017
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-064

Агенцијата за маркетинг и консалтинг Маркет Висион од Скопје има потреба од проширување на својот тим со позицијата графички дизајнер

ОБВРСКИ

  • планирање и развивање на креативни концепти и идеи согласно потребите на клиентите
  • изработка на креативни решенија согласно наведените рокови и подготовка на припреми за нивно користење во разни медиуми
  • презентирање на концепти пред вработени во агенцијата и клиентите
  • извршување на обврските на време и според стандардите за квалитет на агенцијата

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • способност за изработка на врвни креативни решенија
  • одлично познавање на програмите: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Acrobat
  • способност за квалитетна и брза изработка на дизајн  на печатени материјали како книги, годишни извештаи на компании и сл.
  • најмалку 2 години работно искуство
  • способност за тимска работа и прилагодување на креативните решенија според упатствата на лидерот на тимот
  • подготвеност да работи со кратки рокови и под притисок
  • познавање на англиски јазик

Сите заинтересирани лица треба да испратат кратка биографија (CV) и свое портфолио од досегашни сработени проекти на следната адреса [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 05.05.2017 год.

Сите добиени документи ќе се третираат строго доверливо.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »