Референт во внатрешна служба на продажба - Виница

  • Објавен на 3.2017
  • Tondach Makedonija AD
  • Активен до 07.04.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 033/361-332

Со цел за појачување на тимот на продажба бараме мотивирана, комуникативна и весела личност, отворена за тимска работа и стекнување на нови знаења и вештини во динамично работно опкружување, за работно место:

Референт во внатрешна служба на продажба - Виница


Вашa одговорност

  • Подготовка на понуди, профактури како и други документи и фактури во програмот SAP
  • Подготовка на извозни декларации и документи
  • Следење на состојбата на магацинот за готови производи и трговска стока
  • Подготовка на различни извештаи и анализи во програмот SAP
  • Комерцијално управување со купувачите (изработка на понуди и договори, следење на промет и наплата на побарувања)
  • Соработка со останатите сектори во фирмата (техничка поддршка, маркетинг, комерцијалисти на терен)

Ваши квалификации:

  • ВСС
  • Искуство во слични работни места е приоритет, како и познавање на САП програмата ќе се смета за приоритет.
  • Познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Познавање на  CRM има предност
  • Возачка дозвола В категоија


Што нудиме:

Голема важност придаваме на силната волја и определеност кон резултати и учење, флексибилност, одлични комуникациски вештини и самоиницијатива во работата. Во рамките на меѓународните проекти, разбирањето на странските култури е додатен дел на успехот. Позицијата нуди можност за понатамошен личен и професионален развој во позитивна и динамична интернационална околина, со атрактивен пакет на приходи.

Се радуваме да се запознаеме!

Wienerberger е најголем светски производител на глинени градежни материјали како цигли така и покривни системи со 214 производни фабрики во 30 земји. Тондах Македонија АД е дел од групацијата на Wienerberger!

Вашата апликација со CV пратете ја до 07.04 2017 на e-mail на:

Тондах Македонија АД

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »