КНИГОВОДИТЕЛ

  • Објавен на 6.2017
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 01.07.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155
  • Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот.  Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 65 подружници.

 

                                            За работа на територијата на Град Скопје, потребен e

 

                                                                      К Н И Г О В О Д И Т Е Л

 

Основни должности:

  • Евиденција на влезни фактури во деловодник
  • Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања
  • Книжење на влезни фактури
  • Книжење на девизни фактури и корекција на данок
  • Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни
  • Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга  
  • Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
  • Пресметка на закупи и под закупи
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
  • Проверка на трошоците на Друштвото
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
  • Составување и достава на даночна пријава до државни органи
  • Следење на законските прописи и примена на истите                                                                                                                                                      
  • Следење на сите прописи од областа на даночната регулатива, книговодствените прописи, платниот промет, девизнотото работење и правните прописи. 
  •  Контрола и анализа врз благајничкото работење
  •  Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи

                                                                     

Услови:

  1. Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa
  2. Најмалку 3 годишно работно искуство
  3. Одлично познавање на работа со компјутер
  4. Одговорност, лојалност, професионалност
  5. Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
  6. Смиреност, сталоженост, комуникативност
  7. Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 01.07.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »