Администратор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следната работна позиција:

  • АДМИНИСТРАТОР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
  • Прием на странки и нивно упатување;
  • Блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите;
  • Прием на пошта, архивирање, дистрибуирање;
  • Архивирање на излезна пошта, скенирање, копирање;
  • Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ, и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
  • Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
  • Контрола на Декларации и вадење на сини картони, нивна поделба;
  • Посета на клиенти, институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар итн.) и достава на документација;
  • Испраќање на излезни фактури;
  • Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
  • Подготовка на тендерска документација, учество и следење на јавни набавки;
  • Административна подршка во работењето (подготвување и доставување на известувања, барања и сл.). 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Високо образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
  • Познавање на пишан и усен Англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Развиени способности за тимска работа;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Организираност, аналитичност и флексибилност;
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди можност за напредување и професионално усовршување во рамките на компанијата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 26/03/2017

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »