Одговорен за Активен Циклус во Сметководство

За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 2.2017
  • HILL Skopje
  • Активен до 23.02.2017
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38923296481
  • Веб: www.hill.mk
  • Facebook: hillmacedonia

ХИЛЛ објавува оглас за својот Клиент, ТГС – „Технички гасови“, дел од италијанската SOL групација со 90 годишна традиција и искуство во областа на производство и трговија со технички и медицински гасови. Компанијата успешно оперира ширум Европа и бележи континуиран раст и експанзија на пазарот. За потребите на компанијата во Скопје, бараме мотивирана и про-активна личност за позицијата

Одговорен за Активен Циклус во Сметководство

Квалификации:

  • Економски факултет- смер Сметководство
  • Работно искуство не е неопходно, но пожелно е минимум 2 години во областа на сметководството
  • Искуство во индустрија и интернационално опкружување ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Про-активност, темелност, високо развиена аналитичност и ориентација кон детали
  • Желба за учење и напредок во областа на сметководството
  • Развиено чувство за бизнис процеси

Одговорности:

  • Контрола на сметководствената евиденција и документација во Активниот циклус
  • Контрола на исправноста на сметководствената евиденција на сметките за побарувања, приходи, приливи, платени аванси и сл.
  • Одржува комуникација со деловни партнери, се грижи за навремено фактурирање и срамнување на книговодствената евиденција на побарувања и обврски
  • Книжење изводи
  • Следење на законските прописи во областа
  • Учество во подготовка на квартални и месечни извештаи за продажбата
  • Соработка со сите сектори во компанијата

Работно време од Понеделник до Петок, од 08.00-16.00 часот.

Доколку сакате да градите кариера во областа на сметководството во интернационална и стимулирачка работна средина, со можност за развој, Ве молиме испратете го вашето CV и мотивационо писмо на англиски јазик, со назнака за позицијата. Крајниот рок за доставување на апликациите е 23.02.2017.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Во зависност од бројот на пристигнати апликации, изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.

e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

www.hill.mk

tel: +389 2 3296 481

Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »