Централна енергоремонтна база EAD: Технолог

  • Објавен пред еден месец
  • ПРОМО
  • Активен до 13.03.2017
  • Позиција: Останато

“ЦЕНТРАЛНА ЕНЕРГОРЕМОНТНА БАЗА” ЕАД огласува работни позиции за „КОНСТРУКТОР - ТЕХНОЛОГ"

Ние сме бугарска компанија специјализирана за целосни и итни ремонти на електроцентрали, целосна, специјализирана и производствена дејност за ремонт на моќни трансформатори, генератори ивисоковолтни електромотори.
 

Во Насока "Ротирачки електрични машини” се извршуваат ремонти на:

  • Хидрогенератори и турбогенератори - статори и ротори;
  • Синхрони и асинхрони мотори и компензатори;
  • Мотори на постојана струја;
  • Колекторни мотори на променлива струја
  • Индукциски генератори и регулатори.
     

Во Насока „Трансформатори“ се извршуваат ремонти на:

  • Aвтотрансформатори,регулирачки на сила и распределителни трансформатори;
  • Специјални трансформатори: реактори, Петерсенови бобини, заварувачки;
  • Трансформатори на печки и шунтирачки реактори;
  • Мерни маслени трансформатори: напонски, струјни, комбинирани со номинални напони до 220 kV.
     

Основни задолженија:

  • Оформува технолошка документација, ја усогласува во местата и го контролира нејзиното исполнување;
  • Изготвува техничка документација (нацрти), ги усогласува со клиентот и ги доставува во местата за исполнување;
  • Ги почитува одредбите на стандардите, нормите, правилниците и инструкциите при разработување на технолошка документација;
  • Разработува норми за расход на труд и материјали;
  • Организира правилно одвивање на технолошките процеси во работилницата;
  • Го контролира исполнувањето на технолошката дисциплина и инструкциите за безбедност при работа;
  • Ги следи технолошките новости и работи за нивното воведување во практиката;
  • Организира и го следи правилното одвивање на технолошките процеси во работилницата.
     

Место на работа: гр. Софија, Бугарија

Ако имате интерес и сметате дека одговарате на профилот на огласот, молиме, испратете ни ја Вашата автобиографија.

Гарантираме целосна конфиденцијалност на Вашата апликација.

За интервју ќе ги контактираме само одобрените кандидати според документите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Нашите основни барања кон кандидатите:

  • Високо техничко образование - специјалност „Електрични машини и апарати" се смета за предност;
  • Компјутерска писменост, AutoCad;
  • Владеењето на англиски јазик ќе се смета за предност.

Е-ПОШТА: jobs@cerb.bg

КЛИКНИ