Менаџер за продажба - регион: Скопје, Куманово и Тетово

  • Објавен на 3.2017
  • Tondach Makedonija AD
  • Активен до 07.04.2017
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 033/361-332

Со цел за појачување на тимот на продажба бараме мотивирана, комуникативна и весела личност, отворена за тимска работа и стекнување на нови знаења и вештини во динамично работно опкружување, за работно место

Менаџер за продажба - регион: Скопје, Куманово и Тетово

Вашa одговорност:

  • Секојдневни посети на купувачи и деловни партнери
  • Пронаоѓање на нови купувачи и деловни партнери
  • Градење на доверба со трговците, крајни купувачи, изведувачи, архитекти и останати целни групи
  • Комерцијално управување со купувачите (изработка на понуди и договори, договарање за продажба, следење на промет и наплата на побарувања)
  • Решавање на рекламации со помош на техничката служба
  • Активно истражување на пазарот и пронаоѓање на нови можности за бизнис
  • Соработка со останатите сектори во фирмата (техничка подршка, маркетинг, внатрешна продажба)
  • Развој на продажбата (едукација на целните групи, маркетинг активности и слично).

Ваши кваливикации:

  • ВСС
  • Искуство во слични работни места е приоритет
  • Одлични продажни вештини
  • Познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Познавање на  CRM има предност
  • Возачка дозвола В категоија
  • Волја за патување

Што нудиме:

Голема важност придаваме на силната волја и определеност кон резултати и учење, флексибилност, одлични комуникациски вештини и самоиницијатива во работата. Во оквирот на меѓународните проекти, разбирањето на странските култури е додатен дел на успехот. Позицијата нуди можност за понатамошен личен и професионален развој во позитивна и динамична интернационална околина, со атрактивен пакет на приходи.

Се радуваме да се запознаеме!
 

Wienerberger е најголем светски производител на глинени градежни материјали како цигли така и покривни системи со 214 производни фабрики во 30 земји. Тондах Македонија АД е дел од групацијата на Wienerberger!

Вашата апликација со CV пратете ја до 07.04. 2017 на e-mail на:

Тондах Македонија АД

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »