За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на...
повеќе за компанијата »Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим
Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различитост и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерно и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.
Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на
ДАДИЛКА – негувателка на деца во домот на семејство, реон БАРДОВЦИ, полно работно време
Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на децата во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок/сабота) грижа и нега на децата, едукативни активности и придружување на децата. Секое семејство има различни побарувања и очекувања, што значи дека и секоја негувателка има релативно различен фокус во својата работа. Возраст на детето, начин на исхрана, омилени активности или посебни потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.
Работно време 07:30 - 15:30 часот (понеделник - петок)
Клучни одговорности на дадилката:
- Носење и преземање(возење со кола) на децата во училиште
- Организирање на денот
- Практикување на едукативни игри согласно возраста и развој на децата
- Читање книги на англиски јазик
- Помош околу домашни задачи на англиски јазик
Квалификации и вештини:
- Високо образование
- Одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола, активен возач
- Одлични комуникациски вештини
- Минимум 2 години претходно искуство како негувателка (во градинка или домот на семејство)
- Препораки од претходни работодавачи
- Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување
Нудиме:
Почетна плата: 18 000 МКД
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 31 март 2017 година.
Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.
[најави се за да го видиш е-маилот]
[најави се за да го видиш е-маилот]
www.babysittingmk.com